Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Регионална кошарка: Олимпијакос пред тригодишен договор со АБА лигата

0
By Нова ТВ on April 16, 2019 СПОРТ
Фото: sportime.gr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 16, 2019 23:38

Олимпијакос е се поизвесно дека од наредната натпреварувачка сезона ќе биде дел од АБА лигата. Според бројни грчки медиуми, претставници на „црвено-белите“ од Пиреја имале позитивни разговори со Црвена Звезда и со Партизан во Белград, со Цедевита и со Цибона во Загреб, а нивна наредна дестинација е Подгорица на средба со актуелниот шампион, Будуќност.

Притоа се наведува дека во плановите на делегацијата на атињаните е посета низ целата поранешна држава и средби со сите клубови за презентација на планот и програма што би биле на сила за време на нивниот кошаркарски престој на Јадранот. Доколку дојде до финална реализација на најавата, тогаш Олимпијакос ќе биде петти клуб надвор од просторите на екс Југославија по Левски Софија (Бугарија), Нимбурк (Чешка), Шолнок (Унгарија) и Макаби Тел Авив (Израел).

Олимпијакос, пишуваат порталите кај јужниот сосед, е подготвен да го прифати условот на АБА лигата според кој треба да се обврзат да партиципираат во регионалното натпреварување најмалку три години. Најголем проблем што се споменува се неименувани тимови за кои проблем се патните трошоци, па затоа од „црвено-белите“ е побарано да го финансираат патувањето на сите екипи во Грција и престојот во земјата.

Но, извори велат дека членството на Олимпијакос во АБА лигата би можело да предизвика проблем и во структурата на натпреварувањето, па најверојатно ќе наложи проширување на лигата од 12 на 14 клуба. Во така ситуација би можела да профитира Олимпија Љубљана која го загуби прволигашкиот статус како последнопласирана во сезоната, но би имала кам-бек на „зелена маса“.

Олимпијакос во целата ситуација планира да заобиколи и правило на грчкиот кошаркарски сојуз според кое клубот го губи статус доколку две години нема екипа во некое од неговите натпреварувања. Решението е во формирање на нова подмладена екипа која ќе учествува во втората лига што ќе остави простор за Пирејците за враќање во националното првенство.

АБА лига кошарка Олимпијакос
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.