Browsing: СПОРТ

Валенсија ги порази „црвените ѓаволи“ со 2:1, резултат со кој и Јанг Бојс го доби дуелот со „старата дама“. Последниот билет за осминафинале во фудбалската ЛШ го резервира тимот на Олимпик Лион кој одигра 1:1 во Киев против Шахтјор Доњецк

ЦСКА Москва го совлада „кралскиот“ клуб со 3:0 што е нејзина втора победа над европскиот првак без примен гол во оваа сезона, но, сепак, пирова со оглед на триумфот на Викторија Плзен над Рома со 2:1, па поради подобар скор во меѓусебните дуел, чешкиот претставник продолжува во нокаут фазата во Лига Европа

„Црвените“ на „Енфилд“ ги совладаа наполитанците со 1:0 во директниот дуел за второ место во групата Ц, двата меча во Б конкуренцијата завршија без победник (1:1) – „спарси“ ремизираа кај Барселона 1:1, „нероаѕурите“ на домашен терен со ПСВ Ајндховен, расплети што одеа во прилог на премиерлигашот од Лондон

До четвртиот трофеј во јужноамериканската Лига на шампиони стигна по триумфот над Бока Јуниорс со 3:1 по продолженија (1:1 во основниот дел). Реваншот мечот во натпреварувањето се одигра на „Сантијаго Бернабеу“ поради навивачките немири во пресрет на дуелот на стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес