Browsing: СПОРТ

Попладнево во Гевгелија, националниот тим славеше со 78:68 (по четвртини: 29:16, 10:19, 22:12, 17:21) за продолжување на успешната резултатска низа во групата во која има три победи во исто толку одиграни натпревари. До крајот на оваа фаза во кампањата преостанува уште гостување во Романија во февруари догодина

Покрај Полјаците, поранешниот португалски репрезентативец Нуњо Гомеш го смести „црвено-жолтиот“ национален тим во групата Г заедно и со со Австрија, со Израел, со Словенија и со Летонија. Квалификациите ќе стартуваат во март во 2019 година и ќе траат до ноември

По синоќешниот триумф над Азербејџан со 41:22, избраничките на селекторот Симе Симовски вечерва го совладаа и Исланд со 29:21. Утревечер од 20 часот против Турција за заверка на првото место на турнирот во Скопје

Норвежанецот од Тонсберг го порази Фабијано Каруана од САД во мечевите за титулата во Лондон до која стигна преку брзопотезните партии, откако сите 12 без временско ограничување за потези завршија со реми

Французинките на стартот беа непријатно изненадени од олимпискиот шампион со 23:26 благодарение на одлилната игра во одбрана и ефикасниот напад што го предводеа Дарија Дмитриева и Дарија Самохина

Реванш мечот во финалето во Копа Либертадорес е закажан на 9 декември во 20.30 ч. по средноевропско време на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Лутите аргентински ривали во него ќе влезат со 2:2 од првата средба на легендарната „Бонбоњера“ во Буенос Аирес