Борусија Менхенгладбах останјува најблиску до Борусија Дортмунд на врвот на табелата во Бундеслигата и по мечевите од 14. коло. Составот на Дитер Хекинг славеше со убедливи 3:0 против Штутгарт на домашен терен иако отпорот на популарните „шваби“ го кршеше 70. минути.

Серијата голови на „Борусија Парк“ ја почна Рафаел. Бразилецот влезе во игра во 61. минута, пет минути подоцна пропушти одлична прилика за гол меѓутоа во 69. беше непогрешлив. На 2:0 зголеми Нојхаус погоди во 77. минута, а во листата на стрелци им се придружи и Французинот Павар по автоголот во 84. минута.

Борусија Дортмунд е лидер на табелата со 36 бода, седум повеќе од Борусија Менхенгладбах и девет од Баерн Минхен на третото место. „Милионерите“ викендот славеа над Шалке, во Гелзенкирхен, со 2:1, Баварците, пак, на „Алијанц арена“ триумфираа над Нирнберг со 3:0.

Бундеслига, 14 коло

Борусија Менхенгладбах – Штутгарт 3:0

Мајнц – Хановер 1:1

Баер Леверкузен – Аугсбург 1:0

Баерн Минхен – Нирнберг 3:0

Фрајбург – Лајпциг 3:0

Шалке – Борусија Дортмунд 1:2

Волфсбург – Хофенхајм 2:2

Херта – Ајнтрахт Франкфурт 1:0

Вердер – Фортуна Дизелдорф 3:1

Табела: Борусија Дортмунд 36, Борусија Менхенгладбах 29, Баерн Минхен 27, Лајпциг 25, Ајнтрахт Франкфурт 23, Херта 23, Хофенхајм 22, Вердер 21, Волфсбург 19, Мајнц 19, Баер Леверкузен 18, Фрајбург 17, Шалке 14, Аугсбург 13, Штутгарт 11, Нирнберг 11, Хановер 10, Фортуна Дизелдорф 9.