Browsing: СПОРТ

Српскиот првак одигра 1:1 во Белград против словачки Спартак, па патникот во плеј-офот ќе биде познат по реваншот во Трнава наредната недела. Хрватскиот претставник, пак, славеше во Казахстан против Астана со 2:0 за формален реванш на „Максимир“

Чуварот на мрежата на Атлетик Билбао се сели на „Стемфорд бриџ“ како замена за Тибо Куртоа кој е се позивесно дека ќе продолжи во Реал Мадрид. „Сините“ за Баскиецот ќе платат десет милиони евра повеќе од сумата што Ливерпул ја искешира на Рома за услугите на Алисон Бекер

Фантастичниот дефанзивец е дете на „росонерите“. Целата своја кариера во копачки ја мина во „црвено-црниот“ дрес и од 1984 година до 2009 година одигра 902 средби во сите натпреварувања (647 во Серија А). За репрезентацијата на Италија настапи во 126 средби во кои постигна седум гола

До петтиот триумф во натпреварот што означува почеток на новата сезона во Англија, прв по 2012 година, „граѓаните“ стигнаа по победата над Челзи со 2:0. Двоен стрелец за актуелниот шампион во Премиерлигата беше Аргентинецот Серхио Агеро

Британецот во изминатата недела се појави на турнирот во Вашингтон. Одигра три меча во три сета, но четвртиот го дочека со солзи во очите и не беше во можност да одработи, па полуфиналист без борба стана Австралиецот Алекс де Минаур

Трикратниот шампион во Формула 1, Ники Лауда е во лоша здравствена состојба во виенската болница, по трансплантацијата на бели дробови.…