Browsing: СПОРТ

Франција е првиот финалист на Светското првенство во Русија, откако вечерва во Санкт Петербург со минимални 1:0 ја совлада Белгија.

Шпанскиот тенисер планира да мине моменти во опуштена атмосфера меѓу триумфот над Весели во осминафиналето и обврската во четврт-финале. Па, меѓу нив и вечерашното мундијалско полуфинале во Русија меѓу Франција и Белгија

Тетовци се фаворити во вечерашниот дуел на „Телеком арена“ чиј почеток е закажан од 20,15 часот. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) апелираат на фер и коректно навивање и на воздржаност од обиди за нарушување на јавниот ред и мир, во спротивно најавија нулта толеранција

Српскиот тенисер во осминафиналето славеше над Русинот Кирил Хачанов со 6:4, 6:2, 6:2, Шпанецот, пак, подобар од Чехот Јан Весели со 6:3, 6:3, 6:4. Дуелот со Адриен Манарино од Франција беше само лесен тренинг за швајцарскиот ас кој триумфира со 6:0, 7:5, 6:4

Поранешниот тренер на Селта, на Барселона и на Рома го презема кормилото по турбулентниот период на националниот тим. На ден до почетокот на СП во Русија отказ му беше враќен на Хулен Лопетеги поради тајните преговори со Реал Мадрид, а по раната елиминација на мундијалот, оставка поднесе и Фернандо Јеро кој беше поставен како привремено решение

„Коцкестата“ репрезентација по цели две децении ќе игра полуфинале на Светско првенство по подоброто изведување на удари од белата точка во дуелот со Русија. Избраниците на Златко Далиќ во среда (20 ч.) на стадионот „Лужники“ во Москва на мегдан со Англија за место во големото финале на 15 јули

„Црвените ѓаволи“ во четврт-финалето ги елиминираа „кариоките“ со 2:1, „триколорите“, пак, со 2:0 го добија мечот со Уругвај. За утре се закажани и преостанатите две четвртфинални пресметки на турнирот во Русија. Од 16 часот на „Космос арена“ во Самара ќе играат Шведска и Англија, четири часа подоцна на стадионот „Фишт“ во Сочи ќе се судрат Русија и Хрватска

Официјалната негова промоција е закажана во понеделник во Париз. За ангажманот ќе наплати вкупно 14 милиони евра што е двојно повеќе од заработувачката што ја имаше во Јувентус. Во наредниот период, покрај примарната работа, Буфон прифати да биде и амбасадор на Светското првенство во Катар во 2022 година

Шпанскиот тениски ветеран го бележи 66. настап на турнирите од големата четворка во кариерата. Моментно се наоѓа на 70. место на АТП ранг листата и нема пропуштено учество во Мелбурн, во Париз, во Лондон и во Њујорк од 2002 година. Водечки во оваа статистичка категорија досега беше Роџер Федерер

„Гордиот албион“ на пенали (4:3) ја елиминира Колумбија, откако победник немаше во основниот дел (1:1). Кејн погоди од белата точка во 57. минута за водство на Англичаните, Мина израмни во третата од судиското надополнување. Во пенал рулетот, Пикфорд ги одбрани ударите на Урибе и на Бака, Оспина го „прочита“ единствено Хендерсон. Нареден ривал на Англија е Шведска