Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шампионски предизвик за Шкендија: Велшки ТНС како зицер

0
By Нова ТВ on July 10, 2018 СПОРТ
Фото: facebook.com/fcshkendija
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 10, 2018 14:07

Победа без примен гол посакува Шкендија во вечерашниот дуел против ТНС во воведната рунда квалификации за Лигата на шампиони. Мечот меѓу македонскиот и велшкиот првак на „Телеком арена“ е со почеток во 20,15 часот.

„Екипата на ТНС го има нашиот респект. Повеќекратен шампион е на Велс, има доста искуство во меѓународните настапи. Игра фудбал што е типичен за поднебјето од кое доаѓа. Заклучок од анализите што ги направивме е дека знаат да играат и со офанзивна формација како 4-3-3, но и затворено во 5-4-1“, истакна тренерот на тетовци, Ќатип Османи.

Шкендија само вторпат ќе игра квалификации за ЛШ. Деби во натпреварувањето забележа во летото во 2011 година и беше експресно елиминирана од белградски Партизан. „Црно-белите“ тогаш славеа со 1:0 во Скопје и со убедливи 4:0 во реваншот. Но, ако тогаш ја носеа улогата на аутсајдери и од аспект на искуството и во однос на разликата на квалитет, „црвено-црните“ овојпат влегуваат во шампионски двомеч како фаворити иако не беа на страната на носители при ждрепката.

„Зад е период на добра работа и контролни мечеви. Верувам дека сме добро подготвени, верувам во успех. Фокусирани сме на нас самите, на нашата игра. Од навивачите очекуваме поддршка, а ние ќе возвратиме со добра игра и победа за пласман во наредната рунда што ќе ја потврдиме во реваншот“, порачува Арменд Алими на чија рака ќе биде капитенската лента по разделбата на Шкендија и Ферхан Хасани.

Олеснителна околност за стручниот штаб е Бесарт Ибраими. Напаѓачот на тетовци беше неизвесен поради повреда, но информациите од „црвено-црниот“ табор велат дека го издржал последниот тренинг и ќе биде прва закана по голот на велшки ТНС вечерва.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР), пак, апелираат на фер и коректно навивање и на воздржаност од обиди за нарушување на јавниот ред и мир, во спротивно најавија нулта толеранција.

Лига на шампиони / квалификации

Прво коло / први мечеви / вторник

Талин: Флора (Естонија) – Хапоел Бер Шева (Израел)

Кутаиси: Торпедо (Грузија) – Шериф Тираспол (Молдавија)

Ереван: Алашкерт (Ерменија) – Селтик (Шкотска)

Дуделанж: Дуделанж (Луксембург) – Видеотон (Унгарија)

Тофтир: Викингур (Фарски Острови) – ХЈК Хелсинки (Финска)

Скопје: Шкендија (Македонија) – ТНС (Велс)

Корк: Корк Сити (Република Ирска) – Легија Варшава (Полска)

Косовска Митровица: Дрита (Косово) – Малме (Шведска)

квалификации Лига на шампиони ТНС фудбал Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.