Browsing: СПОРТ

Актуелниот светски и олимписки првак во полуфиналето беше убедлив и против Холандија со 32:23 (полувреме 17:10) и во неделниот меч за титулата ќе игра со подобриот од вечерашната пресметка меѓу Шведска и Франција (20.45 ч.)

Причина е истрагата што против Марко Поло дел Неро ја водат американските власти кои уште во 2015 година го обвинија на рекет и перење пари, но тој, сепак, ќе остане на функција во неговата родна земја

Ѕвездата на кавалирси оствари ефект од 25 поени и по 12 скока и асистенции во победата над Л.А. Лејкерс со 121:112 и се израмни со Лери Бирд на шестото место на вечната листа на трипл-дабл ефекти во НБА лигата

Литванскиот првак го совлада европскиот со 90:89 во натпревар од 12 коло во Евролигата. „Кралскиот“ клуб славеше над Барселона со 87:75 благодарение на нова одлична партија на Словенецот Лука Дончич

Бранителот на титулата ја декласира „зборнаја“ со 34:17 и во реприза од полуфиналето на претходниот мундијал, во петок од 17.30 ч., ќе игра против Холандија. Во вториот меч за финале (петок, 20.45 ч.) ќе се судрат Шведска и Франција

„Ролетарот“ меѓу „црвено-црните“ стативи доби најмногу гласови од жирито составено од 30 новинари, но и од преку 100.000 фанови во изборот на специјализираниот ракометен сајт „Хендбол Планет“. Во идеалниот тим се најдоа и четворица играчи на ПСЖ и по еден на Барселона и на Скјерн