Browsing: СПОРТ
Пресметката меѓу Рома и лондонските „сини“ пред две недели на „Стемфорд бриџ“ заврши без победник (3:3). Коларов се враќа во тимот на Ди Франческо по поштедата што Србинот ја доби за дуелот со Болоња во Серија А во саботата, Конте, пак, во Рим ќе може да смета на Канте и на Дринквотер. Англискиот шампион со триумф вечерва ќе биде сигурен осминафиналист,
Мечевите ќе се играат во репрезентативни термини, официјално би почнале во 2019 година и со неа ќе бидат опфатени репрезентации од сите континенти врз основа на позициите на ранг листата. Натпреварувањето ќе трае во тек на целата година пришто националните тимови ќе бидат поделени во три дивизии.
Првиот македонски тениски рекет е на 260 позиција (201 бод) во поединечна конкуренција и на 266. во двојки (258 бода). Шпанецот, речиси сто отсто, ќе заврши како најдобар светски тенисер за 2017 година, откако Роџер Федерер реши да се повлече од Мастерсот во Париз, па сега му е потребна само една победа во француската престолнина за потврда на лидерската позиција на крајот на сезоната
„Визадрси“ славеа со 27 коша разлика (110:83) иако резултатската катастрофа на домашните можеше да биде изразена и со поубедлива разлика од причина што тимот од главниот град во еден момент имаше и плус 40
Британецот имаше судир со Фетел во раната фаза од трката за ГН на Мексико, мораше рано во бокс, на крајот заврши како деветти што, сепак, беше доволно за четврта шампионска титула во кариерата колку што освои и Алан Прост. Победата на автодромот „Браќа Родригез“ крај Мексико Сити ја однесе Макс Ферстапен (1:36,26,552 часа), втор беше Валтери Ботас (+19,678 сек.), трет низ целта мина Кими Раиконен (+54,007 сек.). Германецот Себастијан Фетел, кој тргна од пол-позицијата, заврши како четврти (+70,078 сек.).
Три фудбалски стадиони во Саудиска Арабија ќе дозволат и жените да влегуваат на фудбалските натпревари од јануари следната година, соопшти…
Швајцарецот во финалето славеше над Хуан Мартин дел Потро со 6:7, 6:4, 6:3 за 95 титула во кариерата и избивање на второто место на вечната листа во опен ерата. Пред него е само легендарниот Џими Конорс со 109 турнирски победи
Политичката криза во Шпанија по прогласената независност на Каталонија и вонредните мерки против таа одлука како одговор на Мадрид, од…
Каролине Вознијацки е победничка на ВТА шампионатот во Сингапур и по вторпат во кариерата го освојува завршниот турнир на осумтте…
Германецот беше најбрз во официјалните квалификации на патеката „Браќа Родригез“ крај Мексико Сити и со време од 1:16,488 минути (рекорд) ја обезбеди јубилејната 50 пол-позиција во кариерата. Заедно со него од првиот ред ќе стартува Макс Ферстапен од Ред Бул, водечкиот во генералниот пласман, Луис Хамилтон ќе тргне од третото место. Трката за ГН на Мексико е утревечер од 20 часот
Таа на Твитер својата функција ја претстави како „делегат на каталонската влада во Данска, Финска, Исланд, Норвешка и Шведска“
Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон триумфираше на трката за ГН на САД возена синоќа во Остин. Тој ја оствари 9.та…