Browsing: СПОРТ

Металург го положи оружјето и во вториот настап во групата Д во ракометната Лига на шампиони. Македонскиот вицепрвак овојпат согоре во сопствениот погон и загуби на домашен терен од Бешикташ со 27:31 (полувреме 14:14). Шанса за прва победа ќе се бара наредниот викенд (сабота, 17,30 ч.) во Скопје против Спортинг Лисабон

Возачот на Хонда покажа неверојатна упорност во трката на домашен терен. На 15 круга излета од патеката и падна на четвртото место, но наскоро по кикот го претекна Валентино Роси за избивање на второто место, а со трпелив однос во завршницата го мина и Андреа Довициозо за враќање во улога на предводник на трката што не дозволи повеќе да му биде одземена

„Црвено-црните“ го совладаа Нант со 27:23 (полувреме 14:10) и останаа на врвот на табелата во групата А. Фереира Мораеш со шест гола најефикасен во натпреварот, Кире Лазаро со мала минутажа и без погодок за францускиот состав Наредниот викенд (недела) во Скопје ќе гостува ППД Загреб

Македонскиот репрезентативец беше стартер и ги одигра сите 90 минути против ривалот на Вардар во групата Л во УЕФА Европа лигата. Во листата се запиша во 89 минута на начин типичен за него, од слободен удар што го изведе беспрекорно за потврда на трите бода на екипата од Валенсија

Шведскиот весник „Експресен“ излезе со тврдење дека седумкратниот Ф1 шампион наскоро ќе биде пренесен во САД на нова, финална, операција што треба да ја изврши најценетиот светски невролог

Пирова победа на „соколите“ во Талин. Освојувачот на македонскиот Куп славеше со 81:78 во реваншот со Калев/Крамо, но естонскиот претставник ќе оди на двомеч со Алба Фехервар поради поубедливата победа во Скопје со 87:79. Руска Парма, пак, во Перм го декласира тимот од Градски парк со 88:63 во првиот меч од првото коло квалификации за ФИБА Европа купот  

Објектот што чини 240 милиони евра беше отворен во минатиот викенд и има капацитет од 67,600 гледачи. Финалето во Лига Европа за сезоната 2018/19 ќе се одигра на 29 мај на Олимпискиот стадион во Баку, Азербејџан, а Суперкупот на стадионот на Бешикташ  на 14 август. Завршниот натпревар во женската ЛШ за таа сезона ќе биде во Будимпешта, на стадионот на Ференцварош

Неговиот престој во Мадрид, според актуелниот договор, истекува во 2019 година, но двете страни најдоа заеднички јазик за надградба на соработката. Тој е четвртиот првотимец во ростерот на Зинедин Зидан што стави параф на нов договор со „кралскиот“ клуб во изминатите седум дена по Марсело, Дани Карвахал и Иско

Македонскиот репрезентативец беше меѓу резервите, во игра влезе во 104 минута и доби доверба да биде еден од петте изведувачи на удари од белата точка на што возврати со погодок. Лестер ги елиминира „црвените“ на менаџерот Јирген Клоп со 2:0