Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракомет, ЛШ: Прв триумф на Вардар како европски првак во Скопје

0
By Нова ТВ on September 23, 2017 СПОРТ
Фото: ehfcl.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 23, 2017 21:32

Ракометарите на Вардар ја запишаа и седмата победа во низа во Лигата на шампиони, втора во нова сезона. Успешниот почеток на мисијата насловена како одбрана на титулата доби продолжение од минатиот викенд во Плоцк. „Црвено-црните“ го совладаа Нант со 27:23 (полувреме 14:10) во првиот настап на домашен терен како европски прваци и останаа на врвот на табелата во групата А.

Фереира Мораеш со шест гола беше најефикасен попладнево во СЦ „Јане Сандански“, пет додаде Даинис Кристопанс, по четири реализираа Иван Чупиќ и Тимур Дибиров колку и Ниокас, Гурбиндо и Балагер кај францускиот состав за кој Кире Лазаров остана со мала минутажа и без погодок.

„Нант одигра добар и брз ракомет во Скопје. Неговите играчи го пронајдоа ритамот во второто полувреме и ни создадоа проблеми преку неколкуте контранапади. Задоволен сум како се заврши на крајот знаејќи дека имаме работа со одличен тим кој го победи и Монпелје и ПСЖ. Тешка победа“, коментира Раул Гонзалез, менаџерот на Вардар и селектор на Македонија.

Мечот со Нант наликуваше на оној против Висла. Вардарци само во три наврати во првото полувреме имаа негатива од еден гол (0:1, 2:3, 6:7), во сиот преостанат тек на средбата беа во позитива. Но, влезот во вториот дел беше како пресликан од Полска. Па, наместо сигурно одржување на предноста од пет гола (19:14), Нант со серија од 4:0 покажа заби и во 41 минута се доближи на гол заостанување (19:18), меѓутоа не и за одржување на резултатската тензија.

Фото: ehfcl.com

„Црвено-црните“ одговорија со 5:2 за враќање на плус четири на семафорот (24:20) во 48 минута во која Штербик одбрани и пенал за дополнително одржување на будност меѓу соиграчите. Завршните десетина минути донесоа по три гола на обете страни за бодовите, сепак, да останат во Скопје.

Нареден ривал на Вардар е ППД Загреб. Дуелот со хрватскиот шампион е во недела (1 октомври) во СЦ „Јане Сандански“ од 17 часот.

Вардар – Нант 27:23 (14:10)

Сала: СЦ „Јане Сандански“. Гледачи: 5,050. Судии: Петер Бруновски и Владимир Канда (двајцата од Словачка).

Вардар: Штербик (11 одбрани, 2 седмерца), Ѓорѓески, Стоилов 1, Поповски, Кристопанс 5, Фереира Мораеш 6, Македа, Абутовиќ, Кањелјас 2, Циндриќ 2, Чупиќ 4, Дибиров 4, Шишкарев, Борозан 3, Војводиќ, Марсениќ. Тренер: Раул Гонзалез.

Седмерци: 4/5. Исклучувања: /.

Нант: Думоли, Сифер, Лагар 1, Фалувеги 2, Ниокас 4, Клер 1, Буриќ 2, Клајн, Пемалбе 1, Турно 2, Фелио, Емоне 1, Матулиќ 1, Лазаров, Гурбиндо 4, Балагер 4. Тренер: Тиери Анти.

Седмерци: 1/3. Исклучувања: 2 минути.

Лига на шампиони, 2 коло

Група А

Вардар – Нант 27:23

Барселона – Кристијанштад 31:29

Рајн Некар Левен – Висла Плоцк 31:27

ППД Загреб – ПИК Сегед (во тек)

Табела: Вардар 4, Рајн Некар Левен 3, Барселона 3, Нант 2, ППД Загреб 1 (-1), Кристијанштад 1, Висла Плоцк 0, ПИК Сегед 0 (-1).

Група Б

Веспрем – Фленсбург 28:27

Алборг – Целје (недела/16,50 ч.)

ПСЖ – Мешков Брест (недела/17 ч.)

Виве Кјелце – Кил (недела/18,30 ч.)

Група Ц

Динамо Букурешт – Горење Велење 26:27

Елверум – Скјерн 27:32

Адемар Леон – Шафхаузен (недела/17 ч.)

Група Д

Чеховски медведи – Монпелје 24:28

Металург – Бешикташ (недела/17 ч.)

Спортинг Лисабон – Мотор Запорожје (недела/19 ч.)

Вардар Лига на шампиони Нант ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.