Карпош С. ги заврши настапи во квалификациите за кошаркарската Лига на шампиони на ФИБА, а Работнички е пред елиминација во квалификациите за Европа купот.

Европскиот лет на „соколите“ траеше само 80 минути и покрај триумфот во Талин во реваншот со Калев/Крамо. Освојувачот на македонскиот Куп славеше со 81:78 (по четвртини: 14:13, 21:23, 25:23, 21:19), но естонскиот претставник ќе оди на двомеч со унгарска Алба Фехервар поради поубедливата победа во Скопје со 87:79.

Мирковиќ со 17 коша, Јесар со 12 и Суботиќ со 10 беа најефикасни во составот на Калев/Крамо, кај Карпош С. такви беа Браун со 19 поени, Соколов, Николовски и Мекфејден уфрлија по 16.

Работнички, пак, доживеа тежок пораз на гостувањето во Перм, Русија во првиот меч од првото квалификациско коло за ФИБА Европа купот. Парма го совлада тимот од Градски парк со 88:63 (по четвртини: 24:17, 17:16, 27:15, 20:15) за формален реванш во Скопје.

Фото: fiba.basketball

Гејнс постигна 23 поени, Милер-Мекинтаер и Јаковенко додадоа по 16 во убедливата партија на руската екипа, Костов беше прв стрелец за Работнички и воопшто на средбата со 22 коша.

Реваншот меѓу Работнички и Парма е во среда (27 септември) во ВИП арена „Борис Трајковски“ од 19,30 часот. Победникот во второто коло квалификации го чека двомеч со француски Портел.