Browsing: СПОРТ

Националниот тим го совлада Косово со 87:74 што значеше и потиснување на вечерашниот ривал на последното место на табелата, поради подобар меѓусебен скор, на натпревар до крајот во претквалификациската група Ц. Во среда (17,30 ч.) „црвено-жолтите“ ќе гостуваат во Естонија

Французинот, кој во вторникот ги предводеше „кралевите“ до шеста титула за 18 месеци колку што е на нивното кормило, останува на „Сантијаго Бернабеу“ уште три години за осум милиони евра по сезона наместо досегашните 4,35 милиони

Барнли ги однесе трите бода за Ланкашир по големиот триумф со 3:2 како најава за трнливиот пат што ќе мора да го мине составот на Антонио Конте за останување на тронот. Руни го одбележа враќањето во Евертон со гол против Стоук, Вотфорд ремизира со Ливерпул (3:3) во судиското екстра време

Градоначалникот, според наши сознанија, го известил раководството на клубот за одлуката да се повлече, локалната самоуправа ќе продолжи да донира средства на „штрковите“. Неофицијално, како една од причините за потегот на Коневски се наведуваат заладените односи со навивачката група „Фемили“, друга, пак, упатува на крај на неговиот мандат и определбата на ВМРО-ДПМНЕ да истрча со нов кандидат на претстојните локални избори

„Топчиите“ на крајот славеа со 4:3 во меч во кој поведоа, па двапати заостануваа за еден гол (1:2, 2:3) за бодовите, сепак, да останат на „Емирати“ благодарение на играчите од клупата на Арсен Венгер