Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Неочекуван пресврт: Самсоненко се повлекува од Вардар

1
By Нова ТВ on August 11, 2017 СПОРТ
Фото: fkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 11, 2017 12:00

Сергеј Самсоненко (49) реши да стави крај на спонзорството во вардаровото семејство. Рускиот бизнисмен се обрати до јавноста со соопштение во кое ја изнесува својата дефинитивна одлука што, без сомнение, ќе претставува голем удар за спортот во Македонија.

Дописот до медиумите го пренесуваме интегрално.

Почитувани граѓани на Македонија, пријатели! 

Вчеравечер се вратив во Скопје и бев длабоко вознемирен од сето она што го прочитав во медиумите, на социјалните мрежи, порталите. Првото прашање што си го поставив себеси беше со што јас и моите колеги од Вардар заслуживме вакви навреди?

Македонија е дом за мене и за моето семејство веќе 11 години. Во овој период од срце инвестирав огромни средства за развој на спортовите во земјава. Драги пријатели, цената на ниту еден билет не може ниту, пак, сакам да го врати тоа што го вложив без никаква задршка во македонскиот ракомет, фудбал, тенис и друго. Токму поради тоа јас, од мое име и од името на управата на ФК Вардар, донесов одлука.

Долго време се воздржував да реагирам на навредите што се пласираа против мене од одредени медиуми и од поединци. Сакам да кажам, доста е! Никогаш во животот не сум доживеал ваков линч, навреди и омаловажување какво што доживеав во изминативе денови.

Ви благодарам многу, се чини дека ова е надомест за сè што направив. Доста е. Одлуката, колку и да ми беше тешко, ја донесов. Ова е последна сезона во која јас, Сергеј Самсоненко, како инвеститор вложувам во сите три спортски клуба во Македонија. По оваа сезона, ќе ги вратам трите клуба на поранешните сопственици во одлична состојба, со шампионски титули, добар ранкинг и без долгови.

Во врска со билетите за натпреварот Вардар-Фенербахче, одлучив да ги продаваме сите билети по единечна цена од 300 денари, без разлика на сектор или трибина. На сите кои купиле билет по стара цена, средствата ќе им бидат рефундирани.

Напред Вардар!
Сергеј Самсоненко

Сергеј Самсоненко е присутен во македонскиот спорт од средината на 2013 година. Најпрво го презеде управувањето на машкиот и женскиот ракометен клуб, а кон крајот на година да го прифати предизвикот и под своја капа го стави и фудбалскиот клуб. Низ годините направи респектибилни „црвено-црни“ колективи што беа неприкосновени во домашната сцена.

Русинот Самсоненко во приказната „Инвест ин Маседониа виа Белизе“

Фудбалерите се доминантни во прволигашката конкуренција во која за единствен сериозен ривал за титулата ја имаат Шкендија. Истото важи и за ракометарите и ракометарките кои во последните години се редовни учесници на Фајналфор турнирите во Лигата на шампиони. Кулминацијата се случи ова лето во Келн каде машката екипа ја освои титулата европски првак.

СКУП видео: Самсоненко под лупа во Русија, успешен во Македонија

Освен како спонзор на Вардар, Самсоненко во Македонија постојано беше под лупа на јавноста поради неговите релации со бизнисменот Јордан Камчев и блискоста со поранешната владеачка гарнитура.

 

Вардар одлука Сергеј Самсоненко соопштение фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.