Browsing: СПОРТ

Португалскиот фудбалер во изминатите 12 месеца инкасирал 93 милиони долари од кои 35 легнале на неговата сметка од лиценцирања и спонзорства. Џејмс го предводи квартетот НБА играчи, а Федерер единствен тенисер меѓу водечките со „најдебела“ банкарска сметка

Националниот тим, предмалку, во Суми, Украина, одигра 27:27 со домашната селекција. Дејан Манасков не реализира удар за победа во последна секунда. Место на континенталниот собир во Хрватска ќе мора да се брка во недела низ последните 60 минути во квалификациите против Чешка на домашен терен

Италијанецот, под чие водство Албанците се пласираа на ЕП 2016, заминува по шестгодишен ангажман во Тирана. На разделба порача дека остава добар и формиран тим, но причини за одлуката за разделба не наведе

Младата фудбалска репрезентација од 16 до 30 јуни ќе дебитира на Европските првенства за играчи до 21 година. На претстојното ќе биде дел од групата Б заедно со Шпанија (Гдиња, 17 јуни, 20,45 ч.), Србија (Бидгошч, 20 јуни, 18 ч.) и Португалија (Гдиња, 23 јуни, 20,45 ч.)