Browsing: СПОРТ

Селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија изрази гордост од своите избраници за начинот како ѝ парираа на Шпанија во две третини од средбата. Капитенот Бабунски, пак, посочува дека е присутно мало разочарување од резултат за што вели дека не е реален одраз на настаните на теренот особено во првото полувреме

Ефект каков што имаше офанзивниот играч за врска на мадридски Реал против Македонија во Гдиња во минатото забележаа и Гркот Арис Карасавиди против Холандија на ЕП 1988, Швеѓанецот Маркус Берг против Белорусија на ЕП 2009, Шпанецот Тиаго Алкантара против Италија на ЕП 2013 и Чехот Јан Климент против Србија на ЕП 2015

Националниот тим со максимална победа и против западниот сосед со 3:0 (по сетови: 25:21, 25:16, 25:22) за зацврстување на првото место во групата А. Турнирот во СРЦ „Кале“ завршува денеска (недела) со мечевите Азербејџан – Албанија (17 ч.) и Шведска – Македонија (19,30 ч.)

Офанзивниот играч за врска на Реал Мадрид погоди во 16 минута, во 54. и во 72., мрежата на Алексовски ја тресеа и Саул Нигез во 10. и Делофеу во 35. од пенал. „Црвено-жолтите“ покажаа заби, 24 пати се обидоа да постигнат првенец во дебитантското учество на ЕП, но не успеаја. Шанса за тоа ќе имаат во вторник (18 ч.) против Србија во Бидгошч

„Зборнаја“ поведе со автоголот на Боксал во 31 минута, печат на победата стави Смолов во 69 минута. Домашната селекција не искористи уште неколку одлични шанси за поубедлива радост во што ја спречи и противничкиот голман Стефан Мариновиќ. Турнирот продолжува утре со два нови меча. Португалија – Мексико (17 ч.) и Камерун – Чиле (20 ч.) 

Полјаците поведоа уште во првата минута со голот на Патрик Липски, но крајот им припадна на нивните словачки врсници. Мартин Валент израмни на 1:1 во 20 минута, за резервистот Шафранко во 78 минута да погоди за пресврт и големи три бода

„Црвено-жолтите“, вечерва во СРЦ „Кале“, славеа со 3:0 (по сетови: 25:19, 25:19, 25:20) и во ниту еден момент не дозволија да бидат нарушени нивните победнички амбиции. Најмногу поени (22) забележа Никола Ѓорѓиев, Љафтов нанижа 11, Милев и Самадов по 8, Маџунков 7. Утревечер (19.30 ч.) во второто коло е дуел против Албанија

Несекојдневниот настан на Блесинг Окагбаре (28) се случи во првата серија во натпреварот во скок во далечина за рамки на митингот во Осло во рамки на Дијамантската лига. Промената на имиџот што беше тајна за неа и нејзиниот стручен штаб стана хит на интернет

Тој потпиша договор на две години со можност за продолжување на престојот во клубот за 12 месеца. Каталонците под водство на Гркот имаа очајна сезона – беа елиминирани од Валенсија во четврт-финалето од плеј-офот во домашното првенство, а во Евролигата завршија на 11. место