Повредата што ја здоби на Роланс Гарос го принуди Хуан Мартин дел Потро да го откаже својот настап во Квинс, а неизвесно е неговото учество и на Вимблдон што почнува на 3 јули. Одлуката за повлекување од турнирот во Велика Британија, Аргентинецот ја сподели преку својот Твитер налог.

„Не сум во можност да играм во Квинс бидејќи сè уште заздравувам од повредата. Таков е советот на докторите“, напиша Делпо на социјалната мрежа.

Тој се здоби со повреда на препоните при настапите на Отвореното тениско првенство на Франција. Во третото коло на гренслемот во Париз беше елиминиран од Енди Мареј по што не настапи ниту на турнирот во Хертогенбош, Холандија.