Browsing: СПОРТ

„Сините“ триумфираа во дербито на 24. коло со 3:1 и направија огромен исчекор кон тронот. Алонсо, Азар и Фабрегас стрелци за лондонските „сини“, единствениот за градскиот ривал го постигна Оливие Жиру

Австралијците и Французите имаат недостижни 3:0 против Чешка, односно, Јапонија. САД поведе со 2:0 против Швајцарија која во Бирмингам, Алабама отпатува без Федерер и Вавринка, Канада и В. Британија на 1:1 по првите мечеви во сингл

Италија има 2:0 во Буенос Аирес против „гаучосите“, кои се без Хуан Мартин дел Потро, по мечевите во сингл во првиот натпреварувачки ден. Идентична предност и за Франција против Јапонија во Токио, за Австралија против Чешка во Мелбурн и за Србија против Русија во Ниш

Одлуката на Владата во Техеран следува по наредбата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за забрана за издавање на визи за државјани од седум муслимански држави меѓу кои се и Иранците

Македонскиот интернационалец одигра 20 минути против европскиот првак. Постигна две тројки, еден шут за „два“ и слободно и забележа пет скока. Жалгирис во Каунас ја совлада Барселона со 89:85

Сумата е компензација за нивните играчи што настапија за своите репрезентации во квалификациите за Европското првенство во 2016 во Франција. Вардар доби 148.584 евра, Работнички 115.248 евра, Шкендија 31.028, Металург 26.595 и Брегалница 4.432 евра

Каталонците го поразија Атлетико во Мадрид и по седум дена на нивниот „Камп Ноу“ им преостанува само да се потврдат за мечот за титулата. Во второто полуфинале играат Селта и Алавес