Browsing: СПОРТ
Погодоци како на филмска лента во натпревар за уживање во кој беа урнати неколку рекорди и го надминаа мечот меѓу Монако и Депортиво ла Коруња во 2003 година (8:3). Хет-трик на Ројс, два гола на Кагава, по еден на Сахин, Дембеле и Паслак
„Армејците“ ремизираа во Москва против Баер Леверкузен и ги загуби сите шанси за топ 16 фазата. Рускиот тим би можел да остане и без Лига Европа доколку Тотенхем го совлада Монако на „Луј Втори“
Континенталното натпреварување догодина (31 август – 17 септември) ќе се одржи во Финска, Романија, Израел и Турција. Нокаут фазите и финалето ќе се играат во „Синан Ердем Дом“ во Истанбул
Обележјето ќе биде поставено пред националниот стадион „Френдс арена“ што се наоѓа во месноста Солна, северно од центарот на главниот град, каде Швеѓаните ги играат своите мечеви како домаќини. Во него ќе биде и финалето во Лига Европа во 2017 година
Германскиот стручњак истакна дека се чувствува сигурен на позицијата и изрази уверување дека резултатите ќе дојдат, но раководството на ФА, сепак, реши дека е потребна промена. Брус Арена е главен кандидат за негов наследник
Евролигашот додаде гас во третиот и последниот период за конечни 91:70 против „соколите“ по егал резултатот на полувреме (38:38). Симоновиќ и Бјелица постигнаа ппо 21 поен за белграѓани, само Лабовиќ (16) двоцифрен кај гостите од Скопје
Српскиот тенисер истакна дека доцна се „разбудил“ и загубил од најдобиот во светот во моментот. Во кусата ретроспектива не изрази жалење бидејќи во изминатите 12 месеци стигна до трофејот на Ролан Гарос, единствен гренслем што му фалеше
Британецот во финалето го совлада Новак Ѓоковиќ со 2:0 (по сетови: 6:3, 6:4) за 11 победа во 35 меѓусебен дуел за што вечерва му беа потребни 104 минути
Металурзи славеа со 31:26 и го препуштија „фенерот“ во групата на домашната екипа. Филип Кузмановски најефикасен со девет гола, одличен меѓу стативите беше Арсиќ. Следен ривал за тимот од Автокоманда е Татран Прешов
Македонскиот напаѓач денеска против Болоња го постигна седмиот гол во оваа сезона. Зад него, меѓудругите, се Бака, Бориело, Манџукиќ, Калиниќ, Дестро. Лидери засега се Белоти, Џеко и Икарди кои имаат по 10 погодоци
Португалецот стана најдобар стрелец во историјата на Реал Мадрид со 18 гола оставајќи ги зад себе Ди Стефано со 17 и Карлос Алонсо Гонзалез или попознат како Сантилјана со 15
Вториот светски рекет го совлада јапонскиот тенисер со 6:1, 6:1 и закажа финале со Енди Мареј за утревечер во 19 часот. Од 16.30 часот ќе играат Континен/Пирс против Класен/Рам за трофејот на завршниот турнир во конкуренција на двојки
