Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фатални порази од Мексико и Костарика: Клинсман доби отказ во САД

0
By Нова ТВ on November 21, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 21, 2016 22:44

Фудбалската асоцијација на САД му врачи отказ на Јирген Клинсман. Германскиот тренер беше американски селектор од 2011 година и го предводеше националниот тим до осминафинале на Светското првенство во Бразил. Но, тековните мундијалски квалификации не одат според планот и како се наближува крајот стануваат се понеизвесни за пласман во Русија.

Така непосакуван правец и за Клинсман и за Американците се доби по поразите од Костарика (4:0) на гости, крајно неочекуван и убедлив, и од Мексико (1:2) на домашен терен на почетокот од последната квалификациска фаза. Германскиот стручњак во неколку наврати истакна дека се чувствува сигурен на позицијата и изрази уверување дека резултатите ќе дојдат меѓутоа раководството на ФА на САД, сепак, одлучи дека е потребна промена.

„Донесовме тешка одлука за разделба со Клинсман. Му благодариме за напорната работа и посветеноста во изминатите пет години. Презеде одговорност при застанување на чело на програмата и постигна забележителни резултати. Свесни се некои историски победи вклучувајќи го и минувањето на „групата на смртта“ на мундијалот во  Бразил. Нè натера сите во американската фудбалска јавност да размислуваме на поинаков начин. Благодарни сме што помогна во развојот на нашата организација користа што  ќе ја имаме во наредните години“, се вели во соопштението на фудбалската асоцијација на САД.

Клинсман беше оспоруван во американска јавност по изјавата дека САД никако не можат да бидат светски прваци во фудбал и поради изземањето на Лендон Донован во репрезентацијата за мундијалот пред две години.

Сè уште не е обелоденето кој ќе биде негов наследник. Американските медиуми шпекулираат со поранешниот селектор Брус Арена

 

Јирген Клинсман квалификации за СП 2018 отказ САД фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.