Browsing: СВЕТ

Стратегијата, која има за цел да го забави глобалното затоплување и да ублажи неговите последици, ја промоцира новата претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен

Според првичните резултати од излезните анкети, Конзервативната партија на Борис Џонсон освои мнозинство гласови на денешните вонредни парламентарни избори во Велика Британија.

 Сенатот на Универзитетот во Белград едногласно донесе одлука за поништување на докторската дисертација на министерот за финансии Синиша Мали, поради фактот што го има плагирано својот докторат.

Право на глас на изборите за 650 пратенички места имаат околу 46 милиони Британци. Актуелниот премиер, Борис Џонсон, како лидер на Конзервативната партија, сака Велика Британија да ја напушти Европската унија (ЕУ) со ревидираниот договор што го договори со Брисел. За разлика од Конзервативната партија на Борис Џонсон, Лабуристичката партија на Џереми Корбин сака радикално да го смени договорот за Брегзит

Вонредните парламентарни избори во Британија се одржуваат утре, гласачките места ќе бидат затворени во 22 часот по локално време, кога ќе се знаат и првичните проценки на изборните резултати.

Кристина Доктаре синоќа се обрати пред стотици лица собрани во Стокхолм во знак на протест против одлуката на Шведската академија да го врачи признанието за литература на австрискиот писател, кој за време на војните во поранешна Југославија го поддржуваше режимот на Слободан Милошевиќ