Browsing: СВЕТ

Сандра Мулер,  жената која започна кампања во Франција за да ги охрабри жените да ги разоткријат лицата кои сексуално ги вознемирувале е осудена за клевета по тужбата поднесена против неа од страна на маж што таа го обвини за вознемирување.

Египетските власти уапсија повеќе од 1.100 луѓе, вклучително и некои познати личности, по протестите овој викенд во неколку градови од каде беше побарана оставка на претседателот Фатах ал-Сиси, соопштија организациите за човекови права.

Ненси Пелоси, спикер на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, контролиран од демократите, денеска се очекува да објави формална процедура за отпочнување на импичмент  на претседателот Доналд Трамп, пренесува Си-Ен-Ен.

Најмалку 22 лица загинаа, а повеќе од 300 се повредени во земјотресот со јачина од 5,2 степени Рихтерови, кој го погоди источниот дел на Пакистан. Во земјотресот предизвикана е и голема материјална штета.