Browsing: СВЕТ
– И натаму на дофат на раката ни е можноста за истапување од ЕУ на 29 март со постигнат договор, изјави Меј по пристигнувањето во египетското одморалиште Шарм ел Шејк, каде ќе учествува на Самитот на ЕУ и Арапската лига.
Лидерот на Демократската партија во Албанија нагласи дека е сигурно оти по чекорот направен во четвртокот, кога опозициските пратеници се откажаа од своите манадати, нема враќање назад, не само за опозицијата туку и за Еди Рама кого го обвини дека има „план да ги украде претстојните избори“ и порача дека сезоната на протести штотуку почнува и нема запирање
Претседателката на собраниската Комисија за здравство, Беса Бафтиу вели дека благодарение на високиот процент на имунизација во последните години не е забележан ниту еден случај на сипаници, но подвлекува дека и натаму останува проблем вакцинирањето на децата од заедницата Роми, Ашкалии и Египќани (РАЕ)
Авионот во кој имало повеќе од 50 патници, меѓу нив и деца, полетал нормално во седум часот и при прелет над Драч почнал да испушта црн чад што се појавил и во пилотската кабина и почнал да се шири во внатрешноста
Според последните испитувања на јавното мислење, во водство е Социјалистичката партија на претседателот на државата Игор Додон што се залага за приближување кон Русија, а на второ место е коалицијата АЦУМ што ја сочинуваат двете партии кои се залагаат за членство на земјата во ЕУ и во НАТО
Уредите за ограничување на брзината наречени „Intelligent Speed Assistance“ (Интелигентни помошници за брзина) ќе користат софтвер за препознавање на сообраќајните знаци како и ГПС податоци за одредување на максималната дозволена брзина на одреден дел од патот и потоа автоматски ќе ограничува моќност на машината на возилото со што ќе спречува преголема брзина
Гласањето е закажано од 23 до 26 мај, дел од западните медиуми коментираат дека оваа година би можела да биде пресвртница во пост-воената европска политика пришто некои традиционални политички сили ќе станат слаби, додека екстремистичките, популистички партии би можеле да добијат повеќе влијание и да се вклучат во машинеријата на ЕУ
Златната малина е награда што се доделува за најлоши филмски остварувања, а беше воведена во 1980 година како спротивност на Оскарот
Со кралски указ објавен денеска, за наслендик на функцијата на принцот Калед бин Салман во Вашингтон е назначена принцезата Рима бинт Бандар
Со дводневниот настан во Шарм ел Шеик ќе претседаваат претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, и египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси. Од европска страна ќе присуствуваат 24 од 28 шефови на држави или влади. Добар дел од лидерите своето присуство го потврдија дури откако се обзнани дека на Самитот не доаѓаат суданскиот претседател Омар ал-Башир и саудискиот принц, престолонаследникот Мохамед бин Салман
Поранешниот американски амбасадор во Скопје, Филип Рикер ќе биде нов помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, објави…
Професорот на Факултетот за безбедност во Белград за српската ТВ „Прва“ посочи дека Германија и Франција служеле како транзитни земји до боиштата во Сирија и во Ирак, дека голем број невладини организации претставуваат логистика за терористите и дека постои машинерија што ги создава тие борци што никогаш не беше уништена















