Ширум Европа почна тримесечната кампања за изборите за Европскиот парламент што се закажани во мај и опфаќа 27 земји и речиси пола милијарда луѓе. Дел од западните медиуми коментираат дека оваа година може да биде пресвртница во пост-воената европска политика пришто некои традиционални политички сили ќе станат слаби, додека екстремистичките, популистички партии би можеле да добијат повеќе влијание и да се вклучат во машинеријата на ЕУ.

Во следниот состав, Европскиот парламент ќе има 705 места бидејќи Велика Британија треба да ја напушти Унијата во март и нема да учествува на изборите од 23 до 26 мај.

Експертите предвидуваат дека групата на десниот центар „Европската Народна Партија“ (ЕПП) и Демохристијаните ќе останат најголема партија пред социјалистите од левиот центар.