Browsing: СВЕТ

Украинскиот претседател Петро Порошенко, коментирајќи го инцидентот во Керчанскиот Теснец за американската телевизија „Фокс њуз“, изјави дека е започната „војна“…

Европскиот парламент, чие седиште е во тој источен француски град, го активираше својот протокол за итни случаи и во моментов е затворен за да ги заштити луѓето внатре, соопшти на Твитер европратеничката Ева Каили.

„Во Стразбур се случи сериозен инцидент по јавната безбедност”, објави Министерството на Твитер. „Од жителите се бара да останат во своите домови. Повеќе информации следат, почитувајте ги инструкциите од властите”, порача француското МВР.

Системот претставува пресвртница и потврда на американската способност да одговори на сите ракети од среден дострел, што би биле лансирани од земји како што е Северна Кореја, се наведува во соопштението.

Најмалку пет лица загинаа, а четворица други се ранети денеска кога вооружен напаѓач отвори оган врз присутните во една католичка катедрала во бразилскиот град Кампинас, на сто километри северозападно од Сао Паоло.

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто изјави дека забрзувањето на европските интеграции на Западен Балкан е „најдобро оружје“ за одржување на безбедноста и стабилноста во регионот на долги патеки.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави денеска дека неговата Влада не планира да презема дополнителни мерки против Србија, како што шпекулираат деновиве медиумите во Косово и во Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.