Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стразбур: Потрагата по напаѓачот е во тек, петмина се приведени

0
By Нова ТВ on December 12, 2018 СВЕТ
Фото: Anadolu/Getty
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 12, 2018 11:16

Француската полиција се уште е во потрага по мажот кој вчера изврши напад на божиќниот пазар во центарот на Стразбур, а петмина се приведени во рамки на истрагата за инцидентот, изјави државниот секретар на француското Министерство за внатрешни работи, Лоран Нуњез.

Тој истакна дека напаѓачот би можел на побегне во соседна Германија.

Во вчерашниот напад загинаа три лица, а 13 се повредени, од кои осуммина потешко.

Нуњез ги демантираше медиумските наводи дека во тек е полициска интервенција во познатата катедрала во Стразбур, но потенцира дека потрагата постојано го менува правецот.

Според него, напаѓачот е идентификуван како осомничен екстремист, кој издржувал затворска казна, но засега не е познат мотивот за нападот. Локалните медиуми пишуваат дека неговото име е Шериф К. по потекло од Стразбур и има 29 години. На полицијата и е познат по извршени прекршоци во Франција и Германија, поради кои издржувал затворски казни. Во 2011 година бил осуден на две години затвор, вклучувајќи и шест месеци строг затвор.

 

Францускиот претседател Емануел Макрон во текот на ноќта имал состанок со кризната група , а на Твитер повикал на солидарност кон Стразбур, жртвите во нападот и нивните семејства.

Секторот на париското обвинителство за борба против тероризам покрена истрага за „убиство и обид за убиство во рамки на терористички акт“ и „злосторничко терористичко здружување“.

– Француската Влада го зголеми нивото на безбедност на „опасност од напад“, а околу 350 полицајци и два хеликоптера и понатаму се во потрага по осомничениот, кој долги години е радикализиран и двапати го кршел законот, изјави францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер.

напад потрага Стразбур
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.