Browsing: СВЕТ

Буш Постариот почина синоќа на возраст од 94 години во неговиот дом во Хјустон, Тексас. Тој беше 41. претседател на САД. Во неговиот мандат (1989 до 1993 година) заврши Студената војна, беше изведена воената операција „Пустинска бура” против ирачкиот претседател, Садам Хусеин, се случи пад на Берлинскиот ѕид, беше крената т.н. Железна завеса и важеше за државник кој силно се залагаше за единствена Европа

Американскиот претседател вчера изјави дека решил да ја откаже планираната средба со неговиот руски колега на маргините на Самитот на Г-20 во Буенос Аирес поради инцидентот со украинските бродови во близината на Крим

Според адвокатот на Хорди Санчез и Хорди Турул, тие одбиваат храна бидејќи шпанските судови не ги одобрија нивните бројни жалби. Од друга страна, пак, шпанската Влада уверува дека „лидерите на сепаратистите ќе имаат фер судење“

Француските претставници стравуваат дека приврзаниците на крајната десница и левица се обидуваат да се инфилтрираат во движењето „жолти елеци“ кои протестираат поради покачувањето на цените на горивото.

Џијма е шестиот министер од Кабинетот на Меј кој поднесе оставка заради догвоорот за Брегзит. Тој нагласи на Твитер дека нема да го поддржи договорот при гласањето во Парламентот на 11 декември.

Поранешниот претседател на САД Џорџ Буш постариот почина синоќа на 94-годишна возраст во неговиот дом во Хјустон, Тексас.

– Ставањето на стотици медиуми под контрола на една компанија потсетува на минати времиња на национализација во време на комунистичката власт и контрола на партијата над цело општество, објави Блумберг, додавајќи дека таква контрола и авторитарно однесување сакаат конзервативците кои „им се воодушевуваат на потезите на унгарскиот премиер Виктор Орбан“.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека решил да ја откаже планираната средба со неговиот руски колега Владимир Путин на маргините на Самитот на Г-20 во Буенос Аирес, поради инцидентот со украинските бродови во близината на Крим.