Во денешните судири во Париз што избија меѓу демонстрантите и полицијата за време на протестот на т.н. „жолти елеци“ поради зголемување на таксата за гориво повредени се најмалку 65 луѓе, од кои 11 полицајци, а повеќе од 100 лица се приведени.

Судирите избија кога помала група демонстранти поставија барикади на улица во центарот на Париз и запалија гуми. Полицијата употреби солзавец за растерување на толпата што се обиде да го пробие безбедносниот кордон на Елисејските полиња.

Француските власти стравуваат дека приврзаници на ултра десницата и на левицата се обидуваат да се инфилтрираат во движењето „жолти елеци“ кои протестираат поради зголемување на таксите на горивото.

Полицијата употреби солзавец против „жолтите елеци“ и пред Триумфална капија кои фрлаа камења врз припадници на безбедносните сили.