Двајца лидери на каталонското сепаратистичко движење, Хорди Санчез и Хорди Турул, кои се наоѓаат во притвор од минатата година, почнаа штрајк со глад во знак на протест поради наводно „неправедниот третман“ од шпанскиот правосуден систем.

Според нивниот адвокат, Санчез и Турул одбиваат храна бидејќи шпанските судови не ги одобрија нивните бројни жалби.

Од друга страна, шпанската Влада уверува дека „лидерите на сепаратистите ќе имаат фер судење“.

Санчез и Турул се двајца од деветмината лидери на сепаратистите кои завршива во притвор поради улогата во нелегалниот обид на каталонските лидери за отцепување на Каталонија од Шпанија во 2017 година.

Мерката притвор им е одредена поради постоење на опасност дека ќе продолжат да инсистираат на независност на Каталонија, но и поради тоа што можат да им се придружат на другите сепаратистички лидери кои побеганаа од Шпанија.