Browsing: СВЕТ
Танзанскиот претседател Џон Магуфули вчера нареди апсење на одговорните за бродоломот. Несреќите во езерото Викторија се честа појава бидејќи сопствениците на бродовите не ги запазуваат стандардите за пловидба. Сличен инцидент во 1996 година однесе над 500 човечки животи
Неколку илјади луѓе учествуваа на собирот во Москва во организација на Комунистичката партија и други левичарски групи. Протести имаше и во другите градови во сите 11 руски временски зони
Белградскиот дневен весник наведува дека засилениот американски ангажман во дијалогот „Белград-Приштина“ ќе почне по завршување на референдумот во Македонија на 30 септември
Во написот објавен во мај, британската ТВ куќа наведува дека поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен добил меѓу 400.000 и 600.000 долари од украинскиот претседател за организација на првата средба со неговиот американски колега во Белата куќа во јуни 2017 година. Порошенко од „Би-Би-Си“ бара објава на демант и исплата на отштета
Бројот на потврдени жртви при потонувањето на фериботот во езерото Викторија во Танзанија достигна 161 лице, соопштија властите.
Повеќе од 3.000 луѓе беа убиени во Чиле за време на диктатурата на Пиноче. Десетици илјади беа затворени, мачени или киднапирани.
Вкупно 111 лица се сметаат за исчезнати во таа временска непогода.
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска најави дека владејачката коалиција ќе го преиспита договорот со кој досегашниот шеф на безбедносната служба БФВ Ханс Георг Мазен беше сменет од функцијата и поставен подобро платена позиција во Министерството за внатрешни работи, јави новинската агенција ДПА.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека странски сојузнички држави побарале од него да не објавува оригинални документи за начинот на кој почна истрагата за неговите наводни врски со Русија. Трамп преку Твитер соопшти дека Секретаријатот за правда на САД се согласил да ги објави документите, но имало и загриженост поради тоа, а крајниот збор ќе го има претседателот.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, на заедничка прес-конференција со босанскиот колега Игор Црнадак во Сараево изјави дека никој од надвор не треба да создава конфликтни ситуации на Балканот и да претендира на целосна контрола над регионот.
Поранешниот адвокат на Доналд Трамп, Мајкл Коен, во неколку наврати бил испрашуван од тимот на специјалниот обвинител Роберт Малер околу…
Бродските несреќи се честа појава на езерото Викторија, каде сопствениците на бродовите не ги запазуваат стандардите за пловидба.














