Browsing: СВЕТ

На улиците на Хараре се слушнаа истрели од автоматско оружје откако полицијата се обиде да ги растера опозициските демонстранти. Очевидци сведочат дека војниците, кои во меѓувреме биле распоредени по градот, убиле едно лице во близина на автобуската станица.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, изјави денеска дека ситуацијата во Ерменија е загрижувачка, и покрај тоа што новото државно раководство вети дека нема судски да ги гони своите политички претходници.

Судскиот процес против  поранешниот шеф на кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп – Пол Манафорт  почнува денеска, што е прв случај на специјалниот американски обвинител Робет Малер поврзан со истрагaта за вмешаност на Русија во претседателските избори.