Browsing: СВЕТ

На повик на една радикална сепаратистичка група – Комитети за заштита на републиката, демонстрантите се собраа на Лас Рамблас, познатиот булевар во центарот на Барселона, извикувајќи „Слобода за политичките затвореници” и „Пучдемон е нашиот претседател”.

За претседател на Сенатот е избрана 71-годишната Елизабета Алберти Казелати од партијата Форца Италија (ФИ) на поранешниот премиер Силвио Берлускони, која со ова стана првата жена на чело на Горниот дом на италијанскиот Парламент.

Во некои американски медиуми претходно беа објавени информации дека Советот за национална безбедност на САД препорачал протерување на руски дипломати во врска со „атентатот врз Скрипал во Велика Британија“.