Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина полицаецот што ги спаси заложниците во нападот во Франција

0
By Нова ТВ on March 24, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 24, 2018 10:32

Почина полицаецот кој беше тешко повреден во вчерашниот терористички напад на југот на Франција, соопшти францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Колон.

Четириесет и петгодишниот полицаец Арно Белтрам му се предаде на киднаперот во замена за ослободување на заложниците.

„Франција никогаш нема да го заборави неговото херојство, неговата храброст, неговата жртва“, напиша Колон на Твитер.

Францускиот претседател, Емануел Макрон претходно изјави дека Белтрам „спаси животи и служи на чест на нашата војска и нашата земја“.

Вчера во југозападна Франција три лица беа убиени во серија напади, кога напаѓачот првин одзеде возило во градот Каркасон усмртувајќи едно лице и ранувајќи две други, а потоа зеде заложници во супермаркет во градот Треб, извикувајќи „Алах Акбар“.

Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација Исламска држава.

Напаѓачот, 26-годишниот Редван Лакдим, од претходно и бил познат на полицијата за поситни прекршувања на законите.

– Го следевме и сметавме дека не е радикализиран, но тој ненадејно презеде акција – изјави вчера Колон на прес-конференција во Треб.

Киднаперот бил неутрализиран од страна на припадници на полицијата кои упаднале во супермаркетот.

Напаѓачот, кој тврдел дека е припадник на џихадистичката група Исламска држава, вчера претпладне упадна во супермаркетот убивајќи две лица и задржувајќи тројца заложници. Набрзо тој ги ослободи заложниците и заедно со потполковникот на француската жандармерија, кој се јави доброволно да замени еден од заложниците, остана сам во супермаркетот. Тој двапати го застрелал Арно Белтрам и му задал повеќе удари со нож.

Потполковникот цело време го држел отворен својот мобилен телефон, што и помогнало на полицијата да ја следи состојбата во супермаркетот.

полицаец почина терористички напад Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.