Browsing: СВЕТ
На социјалните мрежи под хаштагот #Brussels #Brussels metro постојано се постираат фотографии и видеа од ужасот што зад себе го оставија нападите.
Според последните информации потврдени од управата на метрото во двете експлозии загинале 15 лица, 45 се повредени од кои 10 се во критична состојба
Белгиското обвинителство потврди дека ескплозиите кои се случија утринава на бриселскиот аеродром и на две метро станици во близина на ЕУ институциите се терористички самоубиствени напади.
Белгиското обвинителство потврди дека 13 лица загинале во експлозијата на аеродромот во Брисел и дека има мртви во експлозијата во метрото Малбек но бројот се уште не е познат.
По двете експлозии што се случија утринава околу 8 часот на бриселскиот аеродром, уште две експлозии на метро станиците Малбек и Шуман кои се наоѓаат на неколку метри од европските институции.
Две експлозии одекнаа утрово околу 8 часот на бриселскиот аеродром Завентем. Според првите информации кои се уште не се потврдени официјално, 11 лица загинале а 24 се ранети. Се уште исто така не е познато дали станува збор за терористички напад.
Околу 12:30 часот денес во Белград, непознат маж на 50-годишна возраст со бомба се разнел во една слаткарница во центарот на српскиот главен град.
Посетата, која претставува голем чекор кон подобрување на односите доаѓа 15 месеци откако Обама ја смени американската политика спрема Куба и започна да ги нормализира односите
Министерството за внатрешни работи на Турција бомбашот самоубиец во Истанбул го идентификуваше како милитант поврзан со групата на Исламската држава
Извештаите од Јемен велат дека 35 војници се убиени во судирите меѓу шиитските бунтовници и провладините сили во Таиз – третиот најголем град во земјата
Генералниот серкетар на Обединетите нации (ОН), Бан Ки-мун го осуди нападот во Истанбул и во писмена изјава изрази надеж дека виновниците за „тоа одвратно насилство“ ќе бидат изведени пред суд со почитување на правата на човекот
На Ердоган не му се допаѓа критиката која ја добива за владеењето на право, демократијата и слободите во Турција, и смета дека оние кои го критикуваат не и мислат добро на неговата земја












