Browsing: СВЕТ
Американската вселенска агенција (НАСА) денеска соопшти дека на Марс има вода и тоа не само во замрзната, туку и во течна состојба, што само ја поддржува можноста дека можен е живот на оваа планета
Рускиот претседател Владимир Путин повика на регионална координација во борбата против Исламската држава. Тој повторно пред светската јавност денеска ја потенцираше неговата поддршка за сиријскиот претседател Башар ал-Асад
Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, од Њујорк побара реконструкција и намалување на грчкиот долг. Говорејќи на состанокот за Развојната агенда 2015, од говорницата на Генералното собрание на Обединетите нации, Ципрас посочи дека постои потреба ова прашање да биде третирано како меѓународен предизвик, неопходен да се реши за Грција да може да се врати на патот на економскиот напредок
Состанокот, според предвиденото треба да трае околу 1 час, а лидерите на САД и Русија ќе разговараат во просториите на руската мисија во ОН. Во фокусот ќе биде кризата во Сирија, како и руската улога во кризата во Украина
И лидерите на Демократскиот фронт се појавија пред Парламентот. Коча Павловиќ од партијата рече дека тие нема да дозволат повеќе да се крадат изворите во Црна Гора
Главната сепаратистичка алијанса „Заедно за“ – што ја сочинуваат владејачката Конвергенсија на претседателот Артур Мас и малата, крајнолевичарска и сепартистичка партија Есквера Републикана, обезбедија 72 од 135 пратенички места
Сепаратистите велат дека победата им дава јасен мандат да формираат независна каталонски држава
Последните истражувања на јавното мислење покажаа блага предност на движењето за независност на Каталонија.
Според најавата, станува збор за нови сознанија кои ќе помогнат за подобро разбирање на Црвената планета како и разоткривање на бројните мистерии за неа
Шефицата за надворешна политика на Европската унија, Федерика Могерини денеска ги повика премиерите на Србија и Хрватска да го решат проблемот
Рускиот претседател Владимир Путин, смета дека решението за сириската криза “лежи“ во зајакнување на актуелната, како што вели, легитимна влада на Сирија и во постигнување дијалог против тероризмот
Откако Србија забрани хрватски товарни возила да ја минуваат границата, револтирана од затворањето на речиси сите гранични премини поради рутата на бегалците која води од Србија во Хрватска, Хрватска стави забрана за автомобили од Србија да влегуваат на нејзина територија














