Browsing: СВЕТ

Парада на гордоста и Парада на транс личностите се одржуваат денеска во Белград, со цел српската ЛГБТ – популација да го сврти вниманието на своите барања и својата позиција во општеството. Двете групи се собираат на различни места во центарот на градот, за да го завршат собирот со заеднички марш до платото пред Собранието

Европската унија не може бесконечно да прима бегалци, туку треба да прифати само ограничен број од нив, а останатите да ги испрати во некоја безбедна земја во опкружувањето од кое потекнуваат, изјави германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер

Околу десет милиони Грци денеска гласаат на предвремени парламентарни избори, втори за оваа година. Анкетите кои се објавуваа неколку дена пред предвремените парламентарни избори покажуваа многу мала предност на Сириза пред Нова демократија

Најмалку 56 сиријски војници се убиени во масовна егзекуција од страна на исламистички бунтовници во окупирана воздухопловна база, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон

Премиерот на Словачка, изјави дека неговата влада нема да ги почитува квотите дури и ако Германија и другите моќни земји ја промовираат идејата. Чешкиот вицепремиер пак, Павел Бјелобрадек најави тужба во судот во Стразбур

Премиерот на Хрватска, Зоран Милановиќ вели, Хрватска нема да дозволи да се претвори во “собирен центар“ за бегалците кои не ги примаат во соседните земји, притоа осврнувајќи се на Унгарија и Словенија за нивното однесување во сегашната бегалска криза

Надзорни камери, воени хеликоптери, полициски возила, војници во акција и снимки од бодликавата ограда се дел од неговото сценарио во видеото, кое наликува како трејлер за акционен филм

Унгарија прогласи кризна состојба во регионите Зала и Вас, на западниот дел од земјата, како и Барањи и Шомоќи на југозападниот дел. Периодот на кризна состојба ќе трае до 18. март следната година