Browsing: СВЕТ

До овој момент се уште нема потврда ниту од хрватска, ниту од египетска страна дека на снимката што е објавена е навистина Томислав Салопек, изјави денеска на вонредна прес конференција министерката за надворешни работи на Хрватска, Весна Пусиќ

Босилка Младиќ пред Хашкиот трибунал тврдела дека деновите по паѓањето на Сребреница ги поминале заедно во нивниот стан во Белград. Прецизирала дека на 16 јули 1995 година заедно биле на свадба, а потоа на средба со српските иселеници на Воено-медицинската академија

Епидемијата на сипаници постојано се зголемува и се шири“, се вели во соопштението на Канцеларијата за хуманитарни акции, при што додаваат дека за вакцинирање и лекување ќе бидат потребни 2, 4 милиони долари

Двајца борци на Курдистанската работничка партија (ПКК) и еден турски војник се убиени, а ранети се четворица војници и еден цивил во напад на милитантите врз воен објект во југоисточната провинција Дијарбекир, соопштија турски безбедносни извори

Хрватскиот заложник Томислав Салопек бил егзекутиран утрината, тврди филијалата на „Исламската држава“ во Египет. Исламистите објавија фотографија на обезглавено тело за кое тврдат дека е на хрватскиот државјанин

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека доларот би престанал да биде светска резервна валута доколку Вашингтон се повлече од нуклеарниот договор со Иран и побара од своите сојузници да го следат истото

Зад нападот, како што се сомневаат властите, стои екстремната левичарска групација Револуционерна ослободителна народна партија-фронт (DHKP-C), која ја презема одговорноста за нападот пред две години врз амбасадата на САД во Анкара