Browsing: СВЕТ
Во една од најпосетуваните туристички дестинации во Тунис, музејот Бардо, најмалку 17 туристи се убиени во заложничка драма. Полицијата ги неутрализираше киднаперите, а одговорноста за нападот ја презеде самопрогласената Исламска джава
Запалени автомобили и уништена урбана опрема на плоштадот Егзархија во центарот на Атина е епилогот од синоќешните инциденти, што беа предизвикани од група анархисти кои уште еднаш побараа ослободување на сите приведени лица за тероризам
Еден полицаец е повреден во судирот помеѓу демонстрантите и полицијата пред новото седиште на Европската централна банка во Франкфурт, кое што денеска треба да започне со работа
Нетанјаху во обраќање пред симпатизерите изјави дека „Ликуд“ остварила голема победа наспроти тесната трка на изборите со левичарската-центристичка Ликуд унија
Српската полиција утрово приведе седум лица обвинети за учество во најголемиот масакр по Втората светска војна извршен во 1995 во Сребреница
Грчкиот премиер Алексис Ципрас и германската канцеларка Ангела Меркел ќе се состанат следната недела во Берлин, во обид да се запре вербална војна меѓу двете влади, соопштуваат од Атина
Министерот за внатрешни работи на Ирак, Мухамед Салем ал-Габан, изјави дека офанзивата против џихадистите на Исламска држава во Тикрот е привремено запрена за да им се овозможи на цивилите да го напуштат некогашниот роден град на Садам Хусеин
Рускиот претседател Владимир Путин конечно се појави во јавноста, откако минатиот четврток ги откажа сите политички активности и средби и десет дена не се појави во јавноста. Путин денеска во Санкт Петербург се сретна со претседателот на Киргизија Алмазбек Атамбаје
Министерот за финансии на Романија, Дариус Валцов, синоќа поднесе оставка откако против него е покрената истрага дека примил мито од два милиони евра во периодот кога бил градоначалник на Слатина
Посадата на воениот хеликоптер требала да го спаси бебето кое било заглавено на пат кон Крагуевац во возило на итната медицинска помош, а кое не можело да стигне до болницата поради одрон на патот
Европската комисија е инфомирана дека Исланд ја повлекува својата кандидатура за членство во ЕУ, соопшти денеска министерот за надворешни работи на земјата Гунар Свеинсон
Осум екстремисти се уапсени во Шпанија, кои планирале напад во земјата и регрутирале борци за Сирија и Ирак, соопшти шпанското Министерство за внатрешни работи














