Browsing: СВЕТ

Убиени се осум луѓе, меѓу кои и две деца во поврзани пукотници во градот Едмонтон во Канада, по што убиецот на крајот се самоубил, пренесуваат канадските медиуми

Девет лица, меѓу кои две деца беа пронајдени на три места во Едмонтон, главен град на западната канадска провинција Алберта.Полицијата соопшти дека убиствата се последица на домашно насилство и оти се претпоставува дека убиецот извршил самоубиство.

Најгласниот критичар на Кремљ, рускиот опозиционер Алексеј Навални е осуден на условна казна од три и пол години. Тој е обвинет дека украл 31 милиони рубљи од руската подружница на француската фирма Ив Роше

Пронајдените остатоци забележани утрово кај островот Борнео се од исчезнатиот авион AirAsia кој исчезна викендот, потврди Џоко Мурјатмоџо, директор на Агенцијата за воздухопловство на Индонезија

Индонезија е во потрага по помош од технологија. Индонезија побара помош од Велика Британија, Франција и САД за хидролокатор уреди кои можат да бидат потребни за подводни пребарување

Грција излегува на избори на 25 јануари. Одлуката е донесена откако грчкиот Парламент не успеа, по трет пат, да избере претседател на државата. Според премиерот Самарас, ова ќе бидат “најодлучувачките избори во последните децении”.

Заедничката спасувачка акција помеѓу Италија и Грција трае повеќе од 24 часа, кои се обидуваат да ги извлечат преостанатите патници од бродот „Норман Атлантик“ на кој вчера пловејќи кон Италија изби силен пожар ставајќи ги во ризик животите на 478 патници

Полицијата во Баку присилно приведе на испрашување дел од персоналот на азербејџанскиот сервис на Радио Слободна Европа, два дена откако обвинителите спроведоа рација во бирото и го затворија, јавува македонскиот сервис на ова радио со седиште во Прага.