Browsing: СВЕТ
Американскиот претседател Барак Обама го повика вчера Конгресот да одобри формирање на фонд од 6,18 милијарди долари за борба против еболата, пред конгресмените да се повлечат на одмор по две недели
Не се објавени името и националноста на жената која е уапсена во соработка со странските разузнавачки служби додека влегувала од Сирија во Либан. Таа и нејзиниот син се пренесени во Бејрут
Според премиерот Александар Вучиќ ова не е добра вест за неговата земја која беше лојална на проектот оспоруван од Европската унија. Сепак, напоменнува српскиот премиер, Србите не треба да стравуваат бидејќи неговата земја има гас за оваа и за наредната зима
Лидерот на Русија Владимир Путин најави намалување на цената на гас за Турција за околу 6 отсто во 2015 и дека ќе ја зголеми количината на испорака на гас за дополнителни 3 милијарди кубни метри
Според Обвинителството, лидерот на Српската радикална партија по враќањето во Србија „го поткопал“ духот на одлуката донесена „од хуманитарни причини“. Хашкото Обвинителство бара расправа за неговата здравствена состојба и нови услови според кои би бил ослободен
Тој во октомври во Советот за безбедност на ОН рече дека до 1.декември 70 отсто од заболените од смртоносниот вирус ќе ја добијат потребната терапија
Унијата на синдикати на германски пилоти повикала денеска и утре на нови штрајкови на пилотите во авиокомпанијата “Луфтханза” поради спорот за старосна граница и одење во пензија
Франциско и Вартоломеј го осудија прогонот на христијаните во Сирија и Ирак и повикаа на дијалог со муслиманските верници
Според сириската Опсерваторија за заштита на човековите права џихадистите загинале како последица на воздушните напади на Меѓународната коалиција предводена од САД, како и во самоубиствени напади во некои делови на Кобани
Вилсон по инцидентот и убиството на Мајкл Браун на 9 август годинава беше на одмор.
Неговата отставка ја најави во петокот неговиот адвокат Нил Брунтрагер. Адвокатот изјави дека одлуката за заминување од полицијата стапува на сила веднаш
Египетската полиција употреби водени топови и солзавец за да растера повеќе од 1000 демонстанти во центарот на Каиро
Европската унија да ги прекине санкциите и да ги укине „црните листи“ за граѓаните на Русија, побара заменик-министерот за надворешни работи на земјата Алексеј Мешков















