Browsing: СВЕТ
Претседателот на САД Барак Обама му испратил тајно писмо на духовниот лидер на Иран ајатолахот Али Камнеи, пренесе БиБиСи. Обама наведил дека двете страни има исти интереси во битката против терористите на Исламската држава
По три последователни гласања багарскиот парламент го избра Бојко Борисов за премиер на земјата, и ја поддржа структурата на новиот кабинет
Во текот на синоќешните глобални протести, околу десетина луѓе и во Хонгконг протестирале под маската на Гај Фокс, кој е симбол на антивладините движења ширум светот
Двата дома на Конгресот сега се под контрола на Републиканската партија, што има потенцијал да ја промени динамиката во американската внатрешна и надворешна политика
Демонстранти од целиот свет се вклучија во акцијата под наслов „Марш на милиони маски“, организиран од активистичката група „Анонимус“, која привлече различни учесници вклучувајќи поддржувачи на антикапиталисткото, антивоеното и пропалестинското движења
Поради незадоволство од намалувањето на вработените во училиштата и повисоките образовни институции, студентите, учениците и вработени во образованието денеска ќе излезат на протестен митинг во Атина
Наградата на Советот на Европа за демократска иновација оди во рацете на турската иницијатива „Демократска Генерација“
– Израелските сили убија голем број палестински цивили во нападите врз куќите полни со семејства, а во некои случаи извршени се воени злосторства, се посочува во најновиот извештај на „Амнести Интернешнл“
И покрај одлуката на шпанскиот Уставен суд да го блокира официјалниот референдум, локалните власти одлучиле да продолжат со подготовките за гласање. Гласањето закажано за 9.неомври ќе го организираат волонтери, без официјален избирачки список, а ќе биде необврзувачки
Албанскиот премиер Еди Рама кој по повеќе децении ќе патува во официјална посета на Србија, цврсто верува во нов почеток за Балканот, но додава дека таквиот почеток бара цврсто лидерство и обединет пристап
Добитникот на Нобеловата награда за мир и поранешен претседател на Полска Лех Валенса смета дека рускиот претседател Владимир Путин со своите постапки му објавил војна на цел свет – не ги почитувал меѓународните принципи и територијалната независност
Со овие резултати се остваруваат предвидувањата на аналитичарите дека овие избори ќе бидат „референдум“ за мандатот на претседателот Барак Обама, којшто во моментов има најнизок рејтинг од своето управување















