Browsing: СВЕТ
Силен земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска крајбрежниот регион на северна Грција, а потресот беше почувствуван и во Турција, Бугарија, Македонија и јужна Србија
Портпаролот на воената хунта во Тајланд денеска соопшти дека ќе се почитува законот за воена состојба во државата според кој, без исклучок, оние што се приведени поради сослушување мора да бидат ослободени најмногу една недела по приведувањето
Сепаратистичките бунтовници во Мали се согласиja на примирје со Владата, два дена откако судирите со армијата претставуваа закана да предизвикaат хаос во земјата, јави ДПА
Во големите поплави кои ја погодија БиХ целосно е уништено местото Топчиќ Поле, близу Зеница. Фотографиите на Ројтерс ја покажуваат состојбата во девастираните подрачја откако водата започна да се повлекува
Љубљанскиот окружен суд упатил позив за издржување на двегодишна казна затвор на поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша, објави денеска љубљански „Дневник“
Бунтовничките сили во источниот дел на Украина убија 14 украински војници, тврди в.д. претседателот Турчинов. Во Луганск е прогласена вонредна состојба
Илјадници животни кои се во фаза распаѓање по поплавите во Босна и Херцеговина може да предизвикаат појава на заразни болести, како што се антракс, беснило, и многу други заразни болести кои се пренесуваат на човекот, а државата нема сили да се справи, предупредија претставниците на Ветеринарната комора на БиХ, на вонредната конференција
Од подрачјата загрозени од поплавите, до сега се пријавени за исчезнати 789 луѓе, од кои пронајдени се 215, соопшти Оперативниот центар на српското МВР со напомена дека дека овие бројки не се прецизни поради тоа што повеќе граѓани пријавуваа исчезнување на една личност
Поплавите кои се случија во Србија катастрофално ќе влијаат на животната средина, но се избегнати значајни еколошки несреќи, како индустриски загадувања, објасни директорот на Агенцијата за заштита на животната средина, Филип Радовиќ
Во два бомбашки напади на еден пазар и автобуска станица во нигерискиот град Џос, загинаа најмалку 118 луѓе. Се проценува дека бројот на жртвите ќе се зголемува
Поради тешката состојба предизвиката од природна непогода, владата на Република Српска и Федерацијата на Босна и Херцеговина, денешниот ден го прогласи за Ден на жалост, ден кога земјата ги оплакува жртвите од најголемата природна катастрофа во БиХ
Во Обреновац досега се пронајдени 13 загинати потврди денеска премиерот на Србија Александар Вучиќ.Министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ нареди итна и целосна евакуација на луѓето од Обреновац поради нов поплавен бран, што надоаѓа од правец на Забрежје