Browsing: СВЕТ
Во поворката со посебен перформанс, три групи формираа три осумки (осум + осум + осум) со што испратија симболична порака за стандардите што ги бараат: осум часа работа, осум часа одмор, осум часа сон
Полицијата во Северна Ирска го притвори лидерот на Шин Фејн, Џери Адамс заради сомневање дека бил вмешан во киднапирање и убиство на жена од Белфаст, извршено во 1972 година од страна на ИРА, додека тој тврди дека е невин
Проруски сили денеска ја зазеле зградата на локалната управа во Кировската област во источниот дел на Украина
На централниот киевски Плоштад на независноста (Мајдан) синоќа изби масовна тепачка, а украински медиум јавуваат дека се слушнале и пукотници и експлозии и оти има повредени
НБА го казни сопственикот на Клиперс и со 2,5 милиони долари поради расистички коментар за Афроамериканците на аудио-снимка. Автентичноста на аудио снимката беше утврдена за двa дена
Кери истакна дека НАТО има сторено во промовирање на мирот и безбедноста повеќе од која и да е друга партнерска организација. Според него состојбата на теренот во Украина е отрезнувачки повик. Кери кажа дека Русија сака да ја смени геополитичката слика во источна Украина
Во својата програмата германската канцаларката Ангела Меркел повторди дека сака да стори се што е во нејзина моќ да се намали дискриминацијата против Синтите и Ромите. Таа вели дека во Германија мора да има фер шанса за сите
Хитлер често бил гладен и откако ќе си отиделе гостите во доцните часови одел во кујната за да јаде од „фироровиот колач“ кој се правел специјално за него. Тој сакал да спие и никогаш не станувал порано од два попладне
Северна Кореја истрела над сто ракети кои паднаа јужно од границата на што Јужна Кореја одговори со испалување на стотина гранати во севернокорејските води
Неодамна при посетата на претседателката Парк Кун-хе во Ансан, град близу Сеул, на комеморативен настан во знак на жртвите, некои од семејствата на загинатите врескале по неа и барале одговори. Парк Кун-хе ги слушала 10 минути пред да замине оттаму
Градоначалникот на украинскиот град Харков, Генадиј Кернес, кој вчера беше тешко ранет кога некој се обиде да го убие пукајќи му од грб, ноќеска е однесен на лечење во Израел, соопшти градската управа на Харков
Дури и кога се ненамерни, знам дека зборовите можат да предизвикаат погрешна претстава, и да можам да ја вратам назад таа лента, би употребил поинаков збор, изјави Кери