Browsing: СВЕТ

Во светот денеска се обележува Меѓународниот ден на жената, како дел од борбата за економска, политичка и социјална рамноправност меѓу мажот и жената. Жените вработени во текстилната индустрија првпат протестираа на 8-ми март 1857 година во Њујорк, заради лошите услови за работа и малите плати

Претходниот соборен украински претседател Виктор Јанукович се наоѓа во критична состојба во московска болница откако преживеал срцев удар, пишува московскиот весник „Комсомољет“

Русија ѝ се закани на ЕУ со одмазда доколку бидат донесени натамошни санкции. Истовремено, од Москва доаѓаат и најавите за поддршка на евентуалната референдумска одлука на Крим за отцепување од Украина

Бруни: Џулија Робертс, 44, Шерон Стоун, 52, Џулијан Мур, 53. Сите тие имаат големи договори, но јас не можам да ги прифатам во моментов. Јас тебе те издржавам… а мислев дека се оженив со човек со плата. Саркози: Се збогатив со женењето

Лидерите на ЕУ денес одржаа самит во Брисел, во присуство на украинскиот премиер Арсениј Јацењук. Според заклучоците ЕУ постигнала согласност за стратегија на санкциите во три етапи со кои сакаат да ја натераат Русија да преговара за излез од украинската криза.

“Бараме од руската влада да не ги поддржува оние кои промовираат сепаратизам во Крим”, рече Јацењук во Брисел. Неговата порака до Русија е дека трупите испратени во Крим треба да се вратат во нивните касарни и дека потребен дијалог за да се дојде до “мирно решение” на кризата.

Врховниот совет (собранието) на Крим донесе денеска начелна одлука за пристапување на таа автономна република како субјект на федерацијата во состав на Руската Федерација, јавуваат руските агенции

Лидерите на ЕУ утре одлучија да се соберат на вонреден самит посветен на Украина на кој тие треба да донесат одлука за замрзнување на имотите на 18 раководни украински лица помеѓу кои може да се најдат Јанукович и неговиот син.

За овогодинашната награда номинирани се рекорден број кандидати, а помеѓу 278-те поединци и организации, се наоѓаат и папата Францис, како и поранешниот службеник на Американската национална агенција за безбедност Едвард Сноуден

Земјата на Владимир Путин неколку пати беше предупредена со санкции, а лидерите на ЕУ на својата агенда на состанокот во четврток повторно ќе разговараат за можни санкции доколку не се постигне прогрес во однос на ситуацијата со Украина