Browsing: СВЕТ

Словенците денеска излегоа на улица. Штрајкот на јавниот сектор го подржуваат над 100.000 вработени, кои демонстрираат против владината одлука за намалување на платите за 5 проценти.

Доколку Европската унија не спроведе длабоки реформи, Британија би можела да излезе од членството, порача британскиот премиер Дејвид Камерон. Говорот на Камерон беше пропратен со остри реакции од Брисел.

Непознат напаѓач му истурил киселина во лицето на уметничкиот директор на славниот „Баљшој-театар“, Сергеј Филин, и неговиот вид е загрозен, соопштила денес руската полиција.

Интензивните врнежи од снег и замрзнат дожд во делови од Европа предизвикаа проблеми во воздушниот, автомобилскиот и железничкиот сообраќај во Франција, Велика Британија и Германија.

Непознати лица фрлиле молотови коктели врз зградата на општината во Косовска Митровица, при што е направена мала материјална штета на зградата на општината.

Француските и африканските лидери ги повикаа светските сили да обезбедат помош и логистичка поддршка во борбите во Мали. Коалицијата на исламистичките милитанти го контролира северот на земјата.

Лидерот на партијата на турското малцинство во Бугарија, Движењето за правата и слободите, Ахмед Доган, денеска е нападнат додека го читал извештајот за време на Осмата национална конференција на движењето

Украинскиот јавен обвинител ја обвини поранешната премиерка на Украина, Јулија Тимошенко, дека го нарачала убиството на нејзиниот бизнис ривал пред 16 години.