Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чавков со телеграма бара вработените во МВР да го почитуваат законот

0
By Нова ТВ on April 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 19, 2016 16:28

Заменик-министерот за внатрешни работи Митко Чавков со телеграма до сите организациски единици за потребите на Министерството, Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање на вработените им укажува на потребата од доследно почитување на законите, како и на Одлуките на Владата.

„Со техничкото назначување на министер за внатрешни работи од редот на опозицијата, а врз основа на политичкиот Договор од Пржино и неговата операционализација со измените на Законот за Владата, Министерот за внатрешни работи од првиот ден отпочна со реализација на партиски активности, со претходно одземање на овластувањата на директорите на Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање (сторено во стопроцентно автократска, нетранспарентна и спротивна на европските стандарди за децентрализација постапка), како и на началниците на Регионалните сектори за внатрешни работи со единствена цел да воспостави целосна партиска контрола со помош на мал број познати политички активисти на СДСМ“, се вели во телеграмата на Чавков.

Тој додава дека во делот на Решенијата за уназадување или разрешување на раководни работни лица во Министерството за внатрешни работи, сите тие Решенија биле донесени спротивно на Законот за внатрешни работи, бидејќи не биле исполнети законските услови за донесување на ваков вид на решение за конкретните работници.

„Имено, согласно Законот за внатрешни работи кој било работник во Министерството за внатрешни работи не  смее да биде распореден на работно место кое е пониско од нивото на работното место на кое дотогаш работел, освен кога врз основа на претходно спроведена постапка ќе се утврди дека тој работник го прекршил работниот ред и дисциплина или не ги исполнил дадените работните обврски, во кој случај таквиот работник може да се распореди на работно место само во едно ниво пониско од нивото на работното место на кое дотогаш работел. Во сите конкретни случаи на уназадување или разрешување, не е спроведувана никаква постапка за утврдување на евентуално кршење на работниот ред и дисциплина или за неисполнување на дадените работните обврски, туку директно, противзаконски се носени тие решенија“, додава Чавков.

Чавков посочува дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој е избран на оваа функција „заради организација на предвремените избори за пратеници во 2016 година“, има и се уште има законска обврска сите правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите да ги разгледува и потпишува заедно и рамноправно со дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, што не било направено во ниту еден единствен случај.

МВР Спасовски Чавков
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.