Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чечен: Нема враќање назад – само избори можат да ја спасат Србија од крвопролевање

0
By Zoran Ivanov on July 11, 2025 СВЕТ, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 11, 2025 17:44

„Ова е бунт против последиците од една корумпирана и насилна власт. Граѓаните веќе осум месеци постојано протестираат. Владата не нуди никакви компромиси и одбива дијалог. Вучиќ и неговите соработници не можат да си дозволат да ја изгубат власта – знаат дека многумина ќе завршат во затвор“.

Она што се случува денес во Србија не е целосно разбрано од јавноста во балканскиот регион. Бранко Чечен, познат новинар и поранешен директор на Центарот за истражувачко новинарство на Србија (CINS), вели дека земјата се соочува со длабока политичка и општествена криза, предизвикана од, како што вели, “распространета корупција, изборни измами и беззаконие на власта”.

Протестите започнаа во ноември 2024 година во Нови Сад, откако се урна покривот на железничката станица, при што загинаа 16 лица. Оттогаш, демонстрациите се проширија во речиси сите градови и населени места низ Србија. Студентите ја предводат оваа движење, барајќи одговорност за трагедијата, која ја сметаат за последица на корупција и лоши градежни стандарди применети од страна на кинеска компанија.

Блокадите на образовни институции започнаа на 22 ноември на Факултетот за драмски уметности во Белград, откако студенти кои им оддаваа почит на жртвите беа нападнати. Наскоро, протестите се проширија и во други факултети и средни училишта. Секој петок, демонстрантите организираат акција „Стани, Србијо!“, со блокирање на сообраќајот во различни градови – акција што со текот на времето стана секојдневна во некои делови од земјата.

Претседателот Александар Вучиќ, кој важеше за недопирлив и силен лидер, одеднаш се покажа ранлив. Масовноста на протестите и присуството на структури наклонети кон Русија отворија многу дилеми во врска со иднината на движењето и самата држава.

„Ова е бунт против последиците од една корумпирана и насилна власт. Граѓаните веќе осум месеци постојано протестираат. Владата не нуди никакви компромиси и одбива дијалог. Вучиќ и неговите соработници не можат да си дозволат да ја изгубат власта – знаат дека многумина ќе завршат во затвор“, вели Чечен за порталот BalkanView.com.

Тој додава дека владата првично очекувала дека протестите ќе стивнат со текот на времето, но откако тоа не се случило, властите прибегнале кон полициска репресија, судски притисоци и насилство од неформални групи со криминално потекло.

Според него, студентите во почетокот не барале политички промени, туку само одговорност од правосудниот систем. Но, по месеци протести, дури и тие сфатиле дека со овој режим нема простор за дијалог. Затоа, сега бараат избори како единствен мирољубив начин за разрешување на кризата.

„Студентите ќе предложат сопствена изборна листа составена од непартиски личности. Анкетите покажуваат дека повеќе од половина од населението би ја поддржало таквата листа. Опозицијата, која најмногу претрпе под овој режим, речиси нема простор за маневар“, вели Чечен.

На тврдењата на Вучиќ дека станува збор за „шарена револуција“ финансирана од странство, Чечен одговара дека тоа е чиста пропаганда.

„Нема ниту еден доказ за таа теза. ЕУ, Германија, Франција, САД – сите тие се партнери на Вучиќ. Ако навистина постоеше странска вмешаност, нашите истражувачки новинари досега ќе го откриеја тоа. Истовремено, постои јасна документација за блиските односи на Вучиќевата власт со руските тајни служби и други авторитарни режими“, нагласува тој.

Чечен признава дека е можно присуство на русофилски групи во протестите, но инсистира дека тие не го контролираат движењето. „Основата на успехот на овие протести е токму надпартискиот и надидеолошкиот карактер. Луѓе од различни идеолошки и етнички профили протестираат заедно. Националисти стојат рамо до рамо со Бошњаци и левичари“, истакнува Чечен.

И покрај тоа што опозицијата е слаба, граѓаните се подготвени да ја поддржат секоја опција што би произлегла од студентското движење. Но, патот до избори не е лесен.

„Вучиќ нема да распише избори освен ако не е апсолутно сигурен дека ќе победи. Ако победи, ќе следува одмазда. Значи, нема враќање назад – изборите се единствениот начин да се избегне насилство. Србија ќе мора да го натера да се согласи на тоа“, вели Чечен.

На прашањето каква власт би можела да го наследи Вучиќ – проевропска или проруска – Чечен вели дека економската реалност не остава многу простор за избор.

„Над 70% од надворешната трговија на Србија е со ЕУ. Секој иден владин состав ќе мора да работи со Унијата за да избегне економска катастрофа. Политичките вредности што ги промовираат студентите се европски. Но ЕУ со години го поддржуваше Вучиќ, додека тој ги уништуваше европските вредности во Србија. Сега ЕУ се чини дека чека да види кој ќе победи. Но со оглед на тоа што Вучиќ веќе не контролира ништо, логично е Брисел да бара нови партнери“, заклучува Чечен.

Текстот е сопственост на BalkanView.com

бранко чечен протести Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.