Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Червар: Против Тунис без емоции за Гдањск

0
By Нова ТВ on January 12, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 12, 2017 12:22

Завршете ги работните обврски, набавете грицки и пиво и попладнево пред телевизор дома или договорете друштво и фатете позиција во кафуле. Македонската репрезентација од 17,45 часот го игра првиот меч на Светското првенство во Франција. Противник е Тунис, последниот должник на „црвено-црните“ во списокот со должници, кој во Гдањск го „украде“ олимпискиот сон.

Токму на тој момент се осврна и селекторот Лино Червар и капитенот Кире Лазаров. Двајцата предупредуваат дека ланската елиминација од Игрите во Рио не смее да надвладее и да понесе бидејќи може да биде самоубиствено по македонските ракометари.

„Многупати досега сме гореле во желба да победиме во значајни натпревари. И сме изгореле. Овојпат не смееме да дозволиме такво нешто. Мора да одиграме смирено, интелигентно и да ја користиме секоја прилика што ќе ја добиеме“, порача Лазаров од Мец.

Селекторот Червар е искусен лисец. Предводи трета различна репрезентација на Светските првенства по Италија и Хрватска и точно знае што може да биде предност, а што хендикеп во мечеви како денешниот. Го знае капацитетот на „црвено-жолтите“, го има предвид менталитетот и затоа повикува на смиреност и фокус на сопствената игра наместо на противникот и она што било во минатото. Во таков случај, Македонија би била поголем противник самата на себе отколку Тунис.

„Тунис минатата година го уништи олимпискиот сон. Спомените се свежи, но тоа не смее да н` окупира. Тоа може само н` „убие. Мора да ги потиснеме емоциите од Гдањск и да се насочиме на нашата игра бидејќи таа носи резултат“, предупредува Червар.

Хрватот и со куса анализа на ривалот од што може да се заклучи дека респект е присутен.

„Тунижаните се добро воиграна селекција. Имаат брзи играчи на крилните позиции кои одлично соработуваат со Жалуз. Една од нивните добри страни се полуконтрите и транзицијата, пред се, од одбрана во напад. Го имаат нашиот респект. И мора да е така. Тие играа на Олимпијада што не беше случај со нас. Меѓутоа ние сме подготвени да одговориме соодветно на предизвикот и да покажеме дека добро сме работеле на подготовките“.

Натпреварите од првото коло во нашата група почнуваат со мечот меѓу Словенија и Ангола во 14 часот, а ќе завршат со дербито меѓу Шпанија и Исланд во 20,45 часот.

Лино Червар Македонија ракомет Светско првенство Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.