Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Червар со допис до РФМ: Ја одбрав Хрватска, благодарам за третманот

0
By Нова ТВ on March 12, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската ракометна репрезентација во иднина продолжува без Лино Червар. Разделбата со трофејниот тренер се официјализира вечерва по дописот што Ракометната федерација на Македонија (РФМ) го објави на својата интернет страница. Хрватот со писмо го известил Живко Мукаетов, прв човек на РФМ, дека донел одлука за враќање во својата родна земја. Притоа изразил благодарност за соработката и третманот што го имал во, како што навел, неговата втора татковина.

„Дали тоа да биде со репрезентацијата на државата во која сум роден, во која основав семејно гнездо, во која се изградив, развива и афирмирав како ракометен тренер и ги постигнав најголемите светски успеси и во која кога-тогаш мора да се вратам и вечно да останам. Или да се одредам за репрезентација на една мала, горда држава, мојата втора татковина која ме дочека и прифати како свој тренер и на кој му даде се што може да се даде? – Сепак ја одбрав Хрватска, мојот роден крај, мојата земја“ стои во дописот на Червар до Мукаетов.

Од Ракометната федерација на Македонија нагласуваат дека со предметниот допис автоматски се активира и правниот инструмент за едностран раскин на договорот со Лино Червар. Најавено е мобилизирање на своите ресурси во наредниот период и формирање на тело за селекција на потенцијални кандидати за пополнување на испразнетото место на кормилото. Се со цел за пто поскоро надминување на несаканата ситуација што доаѓа во тек на подготовки за квалификациски натпревари.

„Ракометната федерација ќе вложи максимални напори со цел за задржување на континуитетот на настапи на сениорите на големите натпреварувања и во боите на националниот дрес заеднички да одиме во нови походи“, се вели во веста на РФМ по завршената соработка со Лино Червар.

Лино Червар ракомет Раскин репрезентација РФМ Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.