Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чешки европратеник предлага формирање „европска армија“

0
By Marija Todorovska on February 12, 2024 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 12, 2024 12:03

На Европа и треба сопствена армија, затоа што не може да се потпреме на заштитата на Доналд Трамп, оцени чешкиот европратеник Микулаш Пекса во реакција на изјавата на најверојатниот републикански кандидат на американските претседателски избори дека доколку биде реизбран за претседател, САД би можеле да не ги заштитат од евентуален руски напад оние сојузници во НАТО кои „не трошат доволно за одбраната“.

Според Пекса, кој доаѓа од редовите на чешката Пиратска партија, таквата заедничка европска армија би можела да се финансира од Буџетот на ЕУ и да биде во надлежност на Европскиот парламент.

– На тој начин ќе нема потреба да се грижиме дали има мнозинство за два отсто од БДП во 30 различни парламенти, додаде Пекса.

САД, кои трошат значително повеќе за одбраната од другите сојузници во НАТО, инсистираат членките на Алијансата да ја исполнат договорената обврска за потребите на одбраната да издвојуваат средства во висина два отсто од националниот БДП.

Броењето на гласовите од вчера оддржаните претседателски избори во САД се уште е во тек, резултатот од гласањето е крајно неизвесен, но актуелниот претседател Доналд Трамп веќе го оспори избо

Трамп викендов на изборен собир во Јужна Каролина порача дека оние земјите од НАТО кои не ги исполнуваат нивните обврски за одвојување за одбраната, не заслужуваат заштита од САД.

На идејата на Пекса, се надоврза и неговиот сонародник Александр Вондра, европратеник од чешката Граѓанска демократска партија, кој не се изјасни околу предлогот за европска армија, но порача дека Европа треба да ги зголеми своите трошоци за одбраната, без разлика кој ќе биде станарот во Белата куќа.

– Ова е неодржливо на долг рок. САД се менуваат. САД повеќе не се главната сила која владее насекаде. Се разбира дека таквата Америка нема да сака да плаќа за одбраната на Европа на неодредено време. Треба да ги преиспитаме нашите чекори и да ја направиме одбраната еден од нашите врвни приоритети, напиша Вондра на платформата Икс.

Потребата од зајакнување на европската одбрана ја нагласи и претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел во реакција на изјавата на Трамп, оцени дека ваквите ставови повторно ја нагласуваат потребата ЕУ итно дополнително да ја развива својата стратешка автономија и да инвестира во својата одбрана и да ја одржи Алијанса силна.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска  ќе престојува во работна посета на Северна Македонија, каде ќе има средби со високи претставници на земјава, на кои се очекува да се разг

Според Мишел, „невнимателните изјави за безбедноста и солидарноста на НАТО“ одат во корист на рускиот претседател Владимир  Путин и „не носат ниту повеќе безбедност, ниту повеќе мир во светот“.

– Трансатлантската алијанса ја поддржува безбедноста и просперитетот на Американците, Канаѓаните и Европејците веќе 75 години. Невнимателните изјави за безбедноста и солидарноста на НАТО од Членот 5 им служат само на интересите на Путин и не носат ниту повеќе безбедност, ниту повеќе мир во светот, напиша Мишел на Икс.

Според Членот 5 од Договорот за НАТО, вооружен напад врз членка на Алијансата ќе се смета за напад врз сите земји на пактот и ќе резултира со колективна самоодбрана.

Европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон, во чија надлежност во Европската комисија е ресорот одбрана, во интервју за француската телевизија ЛЦИ рече дека изјавата на Трамп не е „ништо ново под Сонцето“.

Еврокомесарот за внатрешниот пазар на Европска Унија, Тиери Бретон, кој вчера учествуваше на министерскиот совет за туризам, изјави дека последици врз овој сектор ќе бидат огромни и дека Евро

– Не можеме да „фрламе паричка“ за нашата безбедност на секои четири години во зависност од овие или оние избори, пред се од претседателските избори во САД, рече Бретон, додавајќи дека ова треба да ги натера лидерите на ЕУ да сфатат оти Унијата треба да ги зголеми своите одбранбени трошоци и капацитети.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека НАТО не може да зависи од расположението на американскиот претседател.

– Не може еден ден да биде „да“, а друг ден „извинете, кој бевте вие“. Да бидеме сериозни! НАТО или постои или не. Нема да губам време коментирајќи ја секоја глупава идеја што може да се слушне во оваа кампања, рече Борел, мислејќи на кампањата за претседателските избори во САД.

Шефот на Европската дипломатија Жозеп Борел денеска изрази длабоко жалење поради одлуката на Иран да укине какво било ограничување за збогатување ураниум, како што е предвидено во договорот о

Тој истакна дека во таа кампања „ќе слушнеме и видиме многу работи“, додавајќи дека треба да бидеме сериозни, бидејќи НАТО не може да биде воен сојуз „по избор“, ниту да зависи од расположението на американскиот претседател.

На изјавата на Трамп вчера реагираше и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој оцени дека секоја сугестија оти сојузниците нема да се бранат меѓусебно, ја поткопува безбедност на сите, вклучително и онаа на САД, и ги става американските и европските војници во зголемен ризик.

– Очекувам САД да останат силен и посветен НАТО сојузник, без разлика на тоа кој ќе победи на претседателските избори, изјави Столтенберг во писмена реакција по повод изјавата на Трамп, додавајќи дека секој напад врз Алијансата ќе биде проследен со заеднички и силен одговор.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг нагласи дека оваа организација мора да ги намали своите „воени емисии“ на штетни гасови и да придинесе во глобалните напори во борбата против кл

Полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш, чија земја оваа година се очекува да одвои речиси три отсто од својот БДП за потребите за одбрана, пак, порача дека мотото на НАТО „еден за сите, сите за еден“ е конкретна посветеност.

– Поткопувањето на кредибилитетот на сојузничките земји значи слабеење на целото НАТО. Ниту една изборна кампања не е изговор за играње со безбедноста на Алијансата, наведе Косињак-Камиш на Икс.

Германското Министерство за надворешни работи, пак, на својот профил на Икс објави: „Еден за сите и сите за еден“ со хаштаг „Посилни заедно“ (#StrongerTogether).

Европска армија ЕУ НАТО Чешки пратеник
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 14, 2026

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

ВЕСТИ June 14, 2026

И покрај сигналите дека САД и Иран се приближуваат до историски договор за ставање крај…

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.